Online: Членови: 0 | Гости: 397
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Бикот и љубовта

Биковите се личности кои ги красат длабоки емоции и чувства. Сензибилни се, ја сакаат љубовта и имаат желба за допири. Иако делуваат мирно, рационално и контролирано, сепак сопственици се на силни внатрешни страсти и нагони. Не се вљубуваат лесно, најпрвин внимателно ќе оценат дали партнерот им ги задоволува критериумите; сакаат страстен, сензитивен и домаќински партнер. Потоа, без многу кокетирање, и со претходно длабоко уверување, ги искажуваат своите чувства кон спротивниот пол. Потребно им е повеќе време да го покажат своето вистинско лице, но затоа добро ќе ги оценат личностите до нив. На својот партнер ќе му дадат се што имат и ќе го заробат со силата на своите емоции и страсти. Но, се може да расипат како резултат на своите големи барања и страв од губиток. Може да се случи да ги третираат партнерите како личен посед, па најчесто и да ги изгубат. Нивниот бес, во случај да се посомневаат дека се изневерени, е краток но страотен. Тогаш најчесто кршат предмети. Но сепак, во суштина, тоа се топли, романтични и великодушни партнери кои не можат да живеат без љубовта, која, сепак си ја разбираат на свој уникатен начин.

Добар однос воспоставуваат со земјените (Девица, Јарец) и водените (Рак, Риба и Шкорпија) знаци. Имаат проблеми во односите со огнените (Овен, Лав, Стрелец) и воздушните знаци (Близнаци, Вага, Водолија).

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка