Online: Членови: 0 | Гости: 461
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Хороскопски подзнак

ПОДЗНАК ВО ОВЕН

Овновската желба за победа и да биде прв во се заедно со големите амбиции кои го втурнуваат во акција, во која знае да биде безобѕирен.
Дури и ако се работи за брат и сестра, во детството не бира средства за да го добие целосното внимание на родителите.
Лесно се прилагодува на околината и на околностите и ги поедноставува сите проблеми.
Главата му е чувствутелна, поради што може да има главоболки и проблеми со видот, но и со бубрезите.
Причина за тие проблеми е психичката напнатост.
Луѓето со подзнак во Овен имаат многу љубовни врски, но сепак копнеат по само еден партнер и кон него се многу праведни.


ПОДЗНАК ВО БИК

Да се стекне е зборот со кој би можеле подобро да ги опишеме оние со подзнак во Бик, отколку оние кои се родени во тој знак.
Само ако се опкружени со богатство можат да уживаат во животот.
Рутината и материјалната сигурност им се многу важни.
Тврдоглавоста исто така им е многу изразена, поради што им е тешко да сфатат дека некој друг има поинакви погледи од нив.
Поради забавеното варење склони се на дебелеење и имаат проблеми со штитната жлезда.
Страствени се и имаат големи очекувања од партнерот, а сексот им е многу важен.
Освен сексуалната привлечност и ддлабоките емоции, тежнеат по партнер кој ќе им биде добар пријател.


ПОДЗНАК ВО БЛИЗНАЦИ

Сомничави се кон се што нема уверливо да им се докаже иако многу ги интересира духовната и окултната страна на животот.
Во врската се оптимисти, бараат пријателство, заеднички интереси кои интелектуално би ги исполнувале.
Ја ценат самостојноста и слободата во врската и мразат се што е поврзано со љубомора.
Чувствителни им се рацете, прстите и рамењата, потребна им е многу нега и одмор.
Не треба да се изложуваат на претеран физички напор.
Напнатоста и нервозата ја поттикнуваат нивната склоност кон ревматизам и астма.


ПОДЗНАК ВО РАК

Одаденоста и љубовта кон фамилијата и блиските им е најизразена особина.
Таа љубов и нежност ја пренесуваат и на работата поради што најмногу им одговараат работи кои бараат грижа за друг.
Луѓето со подзнак во Рак се многу лојални кон својот работодавач.
За своето здравје водат грижа до прекумерна загриженост и лесно заболуваат од замислени болести.


ПОДЗНАК ВО ЛАВ

Увереноста дека се знае и дека може најдобро би требало да се научи.
Основната мотивација за работење му е успехот, високиот животен стандард и докажувањето кај партнерот.
Тоа е извонреден мотив, но ако нема издувен вентил за својата креативност, нема долго да биде среќен.
Трага по идеален партнер, кој мора да биде силна личност со изразена индивидуалност и таленти поинакви од неговите за да не дојде до презаситување.
Горд е на успехот на партнерот.
Склон е на проблеми со грбот, поготово кога е напнат и внатрешно несигурен, па во случаите на необјасниви болки во грбот, дури и нагла укоченост, се препорачува советување со психолог.


ПОДЗНАК ВО ДЕВИЦА

Аналитичноста и комуникативноста се одличен склоп на можности кои треба правилно да се искористат.
Самокритични се и претеруваат во тоа.
Вербата во себе треба да ја градат целиот живот.
Потребно е повеќе да се ценат самите себе и да не си дозволуваат самопотценување на сопствените резултати.
Позитивното влијание на родителите во детството е од голема помош.
Нежни се полни со љубов кон партнерот.
Луѓето со подзнак во Девица избегнуваат караници и конфликти.
Под дејство на нервозата имаат проблеми со цревата и главоболки.

ПОДЗНАК ВО ВАГА

Тежи кон стабилна и хармонична (идеална) врска, па се слушува во потрага по неа да менува партнери и со секој од нив да започнува врска полна со надеж и ветувања која завршува со разочарување.
Заљубеноста произлегува од сексуалната потреба, склоноста кон телесната убавина и потребата од уживање.
Своите грешки поскоро ќе ги игнорира отколку што ќе ги признае.
Потребна му е искрената критика од пријателите и самоанализа.
Пријатен и шармантен во однесувањето, продуховен и честопати религиозен (зависно од влијанието кое го има Нептун).
Го карактеризира склоност на воспаленија и инфекции на бубрезите и мокрачните патишта.


ПОДЗНАК ВО ШКОРПИЈА

Главна одлика им е големата одлучност и преиспитувањето на се што ги опкружува.
Понекогаш има тенденција да доминира со другите, па и до граници на деспотско однесување.
Способен е за вистинско и длабоко самоанализирање.
Во врските ги покажува чувствата кон партнерот на убав, нежен и необичен интимен начин.
Економската сигурност му е многу важна.
Љубоморен е и не знае тоа да го скрие.
Психичките проблеми кај него најчесто предизвикуваат сексуални проблеми.


ПОДЗНАК ВО СТРЕЛЕЦ

Вљубеници во предизвиците и оптимисти.
Со малку потпора можат многу да постигнат.
Склони се реално да ги согледуваат сопствените грешки и да работат на нив.
Одговорите на прашањата и дилемите сакаат да ги дознаат веднаш, бидејќи им недостасуваат стрпливост и педантност.
Во врските бараат искрено пријателство и интелектуални предизвици.
Потребна им е интелектуална слобода за да можат да напредуваат и да не се чувствуваат бескорисно.
Во спротивно, запаѓаат во депресија.
Склони се на премногу чести промени на животниот стил и средина.


ПОДЗНАК ВО ЈАРЕЦ

Недостигот од доверба во себе е основната причина за неравнотежата кај овие луѓе.
На некои подрачја ја имаат премногу, најчесто на работното место, додека на други (во емоционалните односи) и тоа како им недостига.
Станува збор за послаба можност за проценување на сопствените квалитети, дека е добро да се слушне мислење за нив, особено пофалби од добронамерни пријатели.
Во врските, за кои им е потребно малку повеќе време, многу се нежни и внимателни, но премногу се грижат и се вознемируваат поради партнерот.
Би требало да се насочат кон опуштање, телесни активности и хоби за да ги избегнат проблемите со желудникот.
Музиката е нивното најдобро средство за опуштање.


ПОДЗНАК ВО ВОДОЛИЈА

Самостални и дистанцирани, понекогаш изолирани и своеглави.
Во врските се независни.
Идеален партнер им е личност која сака или се согласува да биде во втор план како потпора, но која исто така е талентирана за да можат да се гордеат со неа.
Им недостасуваат тактичност и дипломатија.
Склони се кон хипохондрија или пак ги игнорираат болестите.
Слаби точки им се циркулацијата и срцето, за што им помага движењето.
Ги следат трендовите во зачувување на здравјето.


ПОДЗНАК ВО РИБИ

Предноста им е тивкото и ненаметливо дејствување од втор план, па не им се препорачува превземање на водечки места во работењето.
Склони се на идеализирање и поводливи се иако во себе имаат многу вредни особини.
Спознанието за сопствените вредности би им ја зајакнало толку потребната самодоверба.
Во врските се премногу критични кон партнерот, што дури им го нарушува односот и ги води кон раскинување.
Склони се на хипохондрија.

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка