Животот е сладок кога си до мене, денот е идеален кога сум со тебе, а сонот е тежок кога не си крај мене.
Христина - 14.09.2008 |
|
Солзи од тага на лицето мое море од спомени во срцето твое, тажни песни копнеж будат, мала надеж тивко нудат, осамен крик за нова радост, единствена и незаменлива си ти во мојата бурна младост, вечно ќе те сакам знај го тоа, посакувам никогаш да не дојде крај.
Влатко - 13.09.2008 |
|
Можеби простувам, но не заборавам. Кога престанувам да сакам, почнувам да мразам. Не сеам кај што не никнува и никогаш не склопувам раце да го молам оној кој не ме заслужува!
Лидија - 12.09.2008 |
|
Сакам да те видам, но тоа ќе се случи само ако те замислам, сакам да те прегрнам, но ќе сватам дека моите раце се празни, сакам да те бакнам иако знам дека твоите усни се далеку. Затоа оваа ноќ длабоко во срцето ќе те чуствувам и сонувам. Со искрена љубов за добра ноќ.
Анче - 12.09.2008 |
|
Стави ја раката на левата страна и ќе го почувствуваш ударот на животот. Никој не знае уште колку такви удари му преостануваат. Затоа максимално искористи ја сегашноста. Никогаш не се откажувај од она што го сакаш, верувај и ќе успееш! Изгубено е само она од кое сме се откажале.
Лидија - 11.09.2008 |
|
Кога на нешто ќе му дојде крајот останува само спомен. Затоа чувај го тоа што го имаш и не дозволувај да се претвори во спомен.
Стојка - 07.09.2008 |
|
Ако некогаш си плачела знај вистински си сакала... не го обвинувај животот кој те разочарал, зашто тој не е сон што се сонува, туку вистина која се доживува!
Дена - 07.09.2008 |
|
Кога ќе помислис на мене и ќе речеш: „Таа ме сакаше“, не заборавај да речеш: „Таа требаше да биде сакана“ - за детето што го сакам најмногу на светот!
Љубица - 05.09.2008 |
|
Само она што го сакаме и го правиме од љубов, го правиме слободно, без разлика колку страдање од него произлегува!
Црнокоса - 05.09.2008 |
|
Во душата сум дете кое незнае да мрази, во животот сум патник кој тешко се снаоѓа, но во стварност сум будала која премногу те сака!
Убава - 04.09.2008 |
|
Пријателите се како школките, треба да отвориш стотици за да најдеш вреден бисер. Јас имав среќа, па те најдов тебе.
Baby - 04.09.2008 |
|
Не гледај ја убавината, туку душата што те сака, затоа што убавината е кратка, а младоста уште пократка - она што ќе замине знај тешко се враќа!
Драгана - 02.09.2008 |
|
Нема да плачам кога ќе заминеш кај друга, нема да молам да ми се вратиш, ќе бидам далеку кога ќе бидеш среќен, но уште подалеку кога ќе почнеш да патиш!
Аничка - 02.09.2008 |
|
Ниедна личност на светот не ги заслужува твоите солзи, а онаа која навистина ги заслужува никогаш нема да те расплаче!
Тања - 02.09.2008 |
|
Ако ме прашаш колку те сакам - ќе ти одговорам колку една солза од гулаб... ти ќе ми речеш зарем толку малку, без да знаеш дека гулабот кога ќе заплаче умира! За бебето!
Дикси - 02.09.2008 |
|
Дали е грев што те посакувам секој момент и што погледот ми е заљубен. Ако тоа е грев, Бог нека му прости на срцево кое целиот живот чекаше некој како тебе.
Соња - 30.08.2008 |
|
Срцето е скапоцено, ако го даваш наплати го скапо, но не на тој кој ќе даде многу туку на тој што ќе даде сè за да го задржи!
Жанета - 30.08.2008 |
|
Пријателите се како школките, треба да отвориш стотици за да најдеш вреден бисер. Јас имав среќа, па те најдов тебе.
Ксенија - 30.08.2008 |
|
Прости им на очиве што ги бараат твоите. Прости им на усниве што ги посакуваат твоите. И на крај прости ми мене што те сакам!
Мили - 30.08.2008 |
|
Праќам една ѕвезда ноќва за да ми го покаже патот до тебе и да сватиш колку ми недостасуваш кога не си до мене! За Ани
Златко - 29.08.2008 |
|
Имаш раце како на свештеник а срце без милост, ме фати за раце и ја почувствував таа топлина, но кога ме притаи кон себе ме скрши со срцето твое. Имаш лице како на ангел, а во душата имаш огништа, се вљубив во тебе незнаејќи дека ќе ти бидам роб. Сега само ја слушам таа песна стара и размислувам за годините изминати по тебе, но ја научив лекцијата за животот и веќе не сум она мало девојче кое падна на очите твои сини, клекна пред тебе и рече извини.
Лиле - 29.08.2008 |
|
Има моменти кога сакаш, а желбата не ти е исполнета, кога љубиш, а љубовта не ти е возвратена, кога плачеш, а солзите не можат да потечат, кога она што срцето го чувствува усните не можат да го речат.
Драгана - 27.08.2008 |
|
Ако некогаш шеташ по плажа и брановите ги бришат твоите стапки, врати се и направи ги пак зашто си премногу добар за да бидеш заборавен!
Цуци - 27.08.2008 |
|
Ако ја изгубиш ѕвездата што ја сакаш немој да плачеш по неа, бидејќи од солзите нема да ги видиш другите ѕвезди што сјаат за тебе!
Јованче - 27.08.2008 |
|
Нека ѕвездите го покријат твоето небо, нека месечината заспие во твојата насмевка, нека љубовта го насели твоето срце, а јас твоите соништа.
Тинче - 26.08.2008 |
|