Моментално On-Line

Вкупно има 16 гости и 4 членови на Романтични
  • Четири совети како да ја...

     Еве четири едноставни совети како да ја сочувате и унапредите вашата врска... Повеќе
  • Топ 10 женски фантазии

     Не знаеме колку е вистина дека машките почесто имаат сексуални фантазии од женските, но знаеме дека и женските фантазираат, а еве за што најмногу: Повеќе
  • Како да се ослободите од...

     Дали е можно да направите да ве остави дечкото во рок од 10 дена? Раскинувањата често знаат да бидат комплицирани. Никој не сака да биде негативец, а посебно не девојката. Еве неколку совети кои можат да ви помогнат како за 10 дена да раскинете (нормално ако тоа го сакате). Повеќе
  • Вистинското лице на љубовта


    Најопеана низ вековите. Најпосакувана, а воедно и најпрезирана. Таа е она грутче земја кое едноставно не сака да излезе од нашите души. Таа е бесценето прашање кое никогаш не било одговорено. Што е љубовта? Повеќе
  • Што ги иритира машките?

     Момците прозбореа и ги кажаа десетте работи кои најмногу ги иритираат кај девојките, а девојките упорно ги прават... Повеќе
  • Дали девојката би се...

     Да, во вистинскиот свет една девојка би се вознемирила затоа што ти си неосетлив или затоа што и се потсмеваш. Тешко е момците да забележат дека некои девојки не се вистинските за нив и дека таа девојка не е забавна или интересна. Повеќе
     

Hot or Not

Романтични Радио

   

Љубовна порака

Кога би ме изгубил би изгубила многу повеќе отколку јас, затоа што јас можам да сакам многу како тебе, но тебе не може никој да те сака како јас!
Сара - 23.03.2009
 

Од кое дрво си
Напишано од Романтичен   

 Најди го својот роденден и види „под“ кое дрво си роден. Ова е прилично занимливо и прилично точно. Потекнува од старите верувања во келтската митологија.

 

 

 

 

 Јан 01 - Јан 11
 Елка 
 Јан 12 - Јан 24
 Брест
 Јан 25 - Фев 03
 Платен
 Фев 04 - Фев 08 Топола
 Фев 09 - Фев 18 Смрека
 Фев 19 - Фев 28 Бор
 Мар 01 - Мар 10 Жалосна врба
 Мар 11 - Мар 20 Лимон
 Мар 21 Даб
 Мар 22 - Мар 31 Лешник
 Апр 01 - Апр 10 Мушмула
 Апр 11 - Апр 20 Јавор
 Апр 21 - Апр 30 Орев
 Мај 01 - Мај 14 Топола
 Мај 15 - Мај 24 Костен
 Мај 25 - Јун 03 Јасен
 Јун 04 - Јун 13 Жбун
 Јун 14 - Јун 23 Смоква
 Јун 24 Бреза
 Јун 25 - Јул 04 Јаболко
 Јул 05 - Јул 14 Елка
 Јул 15 - Јул 25 Брест
 Јул 26 - Авг 04 Платен
 Авг 05 - Авг 13 Топола
 Авг 14 - Авг 23 Смрека
 Авг 24 - Сеп 02 Бор
 Сеп 03 - Сеп 12 Жалосна врба
 Сеп 13 - Сеп 22 Лимон
 Сеп 23 Маслина
 Сеп 24 - Окт 03 Лешник
 Окт 04 - Окт 13 Мушмула
 Окт 14 - Окт 23 Јавор
 Окт 24 - Ное 11 Орев
 Ное 12 - Ное 21 Костен
 Ное 22 - Дек 01 Јасен
 Дек 02 - Дек 11 Жбун
 Дек 12 - Дек 21 Смоква
 Дек 22 Бреза
 Дек 23 - Дек 31 Јаболко

 

Јасен (амбиција) - необично атрактивни, се радуваат на животот, импулсивни се, посакувани, не замеруваат за критика, амбициозни, интелегентни, тoлентирани, сакаат да си играат со судбината, егоисти, самостојни, верни љубовници, понекогаш го слушаат мозокот наместо срцето, но врските ги сфаќаат многу озбилно.
 
Јаболко (љубов) - обично слаби, харизматични, допадливи и атрактивни, пријатни, флертувачи, авантуристи, секогаш заљубени, сакаат да сакаат и да бидат сакани, верни, нежни, добродушни, таленти за наука, живеат за денес.
 
Бука (креативност) - имаат изразено добар вкус, загрижени се за својот изглед, материјалисти, добро ги организираат животот и кариерата, економисти, добри лидери, не превземаат непотребни ризици, добри животни партнери, водат сметка за да останат во форма.
 
Бреза (инспирација) - се радуваат на животот, атрактивни, елегантни, љубезни, задоволни, не сакаат ништо што е претерано, не поднесуваат вулгарност, го сакаат животот во природа, не се многи страствени, прилично вообразени, недоволно амбициозни, умеат да направат мирна и задоволна атмосфера.
 
Смрека (сигурност) - обично многу убави, знаат да се вклопат, сакаат луксуз, здрав живот, апсолутно не се срамежливи, самоуверени, одлучни, нестрпливи, сакаат да влијаат на други, многу талентирани, оптимисти, ја чекаат правата љубов, способни се да донесат брзи одлуки.
 
Костен (искреност) - изразено убави, не сакаат притисок, привлечни, се радуваат на животот, заинтересирани, родени дипломати, осетливи во друштво, често несигурни во себе, понекогаш вообразени, се чувствуваат несфатени, сакаат само еднаш, имаат проблем во пронаоѓањето на партнерот.
 
Платен (верност) - јаки, мускулести, одговорни, земаат се што ќе им пружи животот, оптимисти, лакоми за пари и признанија, мразат осаменост, страсни љубовници на кој никогаш не им е доста, верни, навредливи, непостојани, педантни.
 
Брест (племенитост) - пријатни луѓе, гласно кажуваат што не им одговара, не сакаат да простуваат на грешките на другите, весели, сакаат да водат, не сакаат да припаѓаат на некој, верни и искрени партнери, сакаат да донесуваат одлуки за други, племенити, имаат голема смисла за хумор, практични.
 
Елка (мистериозност) - полни со вкус, образувани, сакаат се' што е убаво, полни со чувства, тврдоглави, егоисти, но се грижат за своите блиски, прилично задоволни, талентирани, имаат многу пријатели, но и непријатели.
 
Лешник (необични) - шармантни, скромни, полни со разбирање, знаат да остават впечаток, се борат за правда, омилени, чувствителни, комплицирани љубовници, искрени, толерантни партнери.
 
Жбун (добар вкус) - ладна убавина, се грижат за својот изглед, не се егосити, си го прават животот што повеќе пријатен, сакаат дисциплиниран живот, од партнерот бараат признавање и пријателство, сонуваат за необични љубовници, ретко се задоволни со своите чувства, не веруваат скоро на никој, секогаш се несигурни во сопствените одлуки, премногу совршени.
 
Лимон (сомнеж) - тоа што животот им го пружа го прифаќаат со мака, мразат караници, стрес и работа, не сакаат досада и удобност, попуштаат, се жртвуваат за пријателите, поседуваат многу таленти, но не се доволно амбициозни да ги подобрат, секогаш критикуваат, многу љубоморни, но верни.
 
Јавор (независност) - необични личночти, имаат изразена моќ на изразување и оригиналност, плашливи и резервирани, ја сакаат славата, горди се, сигурни во себе, секогаш бараат нови искуства, понекогаш нервозни, имаат добро помнење, обично имаат комплициран љубовен живот, сакаат да влијаат на други.
 
Смоква (чувствителност) - многу јаки, самостојни, независни, не сакаат спротивставување или караница, го сакаат животот, фамилијата, децата и животните, друштвени се, полни со хумор, толентирани за практично работење, интелегентни.

Даб (храброст) - јаки, независни, непопустливи, чувствителни, не сакаат промени, се држат за кажаното, едноставно не размислуваат, туку делуваат.
 
Маслина (мудрост) - сакаат сонце, топлина и убави чувства, разумни се, полни со разбирање, ја избегнуваат агресивноста, толерантни, весели, мирни, имаат изразено чувство за правда, чувствителни, вообразени, не се љубоморни, сакаат да читаат и сакаат да се во друштво на образовани луѓе.
 
Бор (необичност) - сакаат пријатно друштво, многу издржливи, знаат да си го направат животот пријатен, многу активни, природни, добри партнери, брзо се заљубуваат, но исто така брзо го губат интересирањето, брзо се откажуваат, многу менуваат додека не најдат идеален партнер на кој му веруваат, практични.
 
Топола (несигурност) - делуваат многу декоративно, не се доволно сигурни во себе, разумни се само кога е потребно, потребна им е поддршка и пријатно друштво за да се опуштат и отворат, пребирливи, често се сами, многу несигурни, имаат уметничка природа, добри организатори, доверливи во секоја ситуација, врските ги сфаќаат озбилно.
 
Мушмула (слух) - шармантни, весели, даваат се од себе, а при тоа не се егоисти, го сакаат животот, шетањето, немирот, истовремено се зависни и независни, имаат добар вкус, уметници, страствени, имаат нагласени чувства, добри партнери, не се предаваат.
 
Орев (страст) - независни, чудни, понекогаш егосити, агресивни, добродушни, образовани, реагираат неочекувано, спонтани, амбициозни, не се флексибилни, тешки и чудни партнери, ретко ги сакаат другите, но често им се чудат, добри стратези, многу љубоморни и страствени, не прават компромиси.
 
Жалосна врба (тага) - убави, но полни со тага, атрактивни, многу духовити, сакаат се' што е убаво и вкусно, сакаат да патуваат, сонувачи, неуморни, комплицирани, искрени, може да се дејствува на нив, тешко е да живееш со нив, добра интуиција, патат заради љубовта, но понекогаш наоѓаат партнер кој им дава поддршка.

 

Кивалче

21.00-21.29 Те обожава.

Анкета

Според вас, кој е најдобар симбол за висок углед?
 

Пријатели