Моментално On-Line

Нема Оn-Line корисници
Вкупно има 9 гости на Романтични
  • Играјќи ја играта на љубовта

     Нема ништо лошо во тоа да играш некоја игра. Тоа е здраво и возбудливо.Играњето игри е дел од животот, а тие што викаат "јас не играм игри" се лажат самите себеси. Повеќе
  • Фраеру, не прави го тоа!


    Сексот би требало да биде опуштен, но не сосема. Нападот на клиторисот, триење на брадавиците, оставање на искористениот кондом на масата... ова се некои од грешките кои машките ги прават, а НЕ би требале... Повеќе
  • Те изневери поради…


    Се збори дека машките изневеруваат поради секс, а женските поради емоции, ама тоа е стереотип. И машките и женските ги изневеруваат своите партнери поради најразлични причини – еве неколку причини поради кои изневериле женските во вистинскиот живот... Повеќе
  • Важноста на предиграта

     Традиционално за предигра се смета сè она што машките треба да го направат за да ја натераат девојката да има однос со нив. Денес предиграта е составен дел од водењето љубов, па иако сексот може да биде добар и без предигра, повеќето девојки ќе се сложат дека предиграта е многу важна затоа што носи задоволство на двете страни. Повеќе
  • Надминете ја љубомората

     Љубомората е ужасна работа. Секој пат кога вашата девојка или вашиот дечко ќе ви каже дека ќе излезе со другарите/ките секакви мисли ви поминуваат низ глава. Ви се грчи стомакот секој пат кога партнерот ќе спомне пријател од спротивниот пол или пак некој од своите бивши, но ова никаде нема да ве доведе, може само да ја претвори вашата убава врска во параноја. Како да се ослободите од љубомората? Вие го сакате и обожавате вашиот партнер, па зошто тогаш не би го сакале и другите?
    Повеќе
  • 2 години без Тоше


    Понекогаш луѓето ни кажуваат некои чудни работи кои ни се смешни, по малку луди, за на крај да излезе дека сè е чиста вистина. И тоа болна вистина, дека Ангелот наш отиде на Своето ѕвездено небо, засекогаш. Повеќе
     

Hot or Not

Романтични Радио

   

Љубовна порака

Те сакам признавам... кога сум со тебе како да лебдеам, те сакам до бескрај, откако дојде во мене ми го украде срцето, ме исполни со среќа, ме научи да знам што значи да си заљубена, ме исполни со љубов, среќна сум покрај твојата прегратка, сега знам да сакам, сега знам како е да си заљубена, ти ме однесе во ѕвездите, те сакам, те сакам... ти си ми се, едноставно без тебе сум сама изгубена и несреќна. Те сакав, те сакам и ќе те сакам сè додека постојам! Те сакам Марко!
Ане - 29.03.2009
 

10 Заповеди на Ерос
Напишано од Романтичен   
Ерос е еден од најстарите богови. Излегол од првобитниот хаос со љубовта за да го донесе светот во ред. Еве како звучат неговите љубовни заповеди

Апсолутна апстиненција не е добра за човековото здравје
Апстиненцијата по извесно време може да предизвика тешкотии, фрустрации, депресија, болести, склоност кон насилство и ред други деструктивни работи. Ако сакате секс тогаш немојте да се одрекувате. Сексот е драгоцен дар на природата. Било каква љубов е подобра од целосен недостаток на љубов.

Блискоста е правиот збор за сексот
Нашит народ е преполн со погрешни верувања за тоа што сексот може да значи. Водењето љубов е начин да се искаже блискоста и сексуалните склоности спрема саканата личност. Значи, сексот ја зголемува блискоста помеѓу партнерите, а не начинот на кој телата се допираат. Потребно е вниманието да го насочите правилното разменување на енергијата.

Потребно е да се прифати мислата дека живееме во време на СИДА
Мораме да престанеме да се жалиме како сексот не е повеќе она што беше некогаш. И не треба да нè мрзи да ја употребиме заштитата која ни ја овозможуваат кондомите. Треба да ги прифатиме кондомите како секојдневно средство за опстанок. Штом ова ќе го прифатиме ќе имаме сигурен секс.

Нека енергијата на сексот слободно тече; водете љубов со небото и земјата
Нашите небо и земја се многу загадени и тоа влијае на нас како живи суштества. Потребно е да ги сакаме, да престанеме да ги загадуваме и тие ќе водат љубов со нас, со нашето здравје. Да им ја пратиме нашата сексуална енергија.

Потребно е да најдеме што повеќе време да уживаме во сексот
Ако го сакате сексот, тогаш пружете им на другите љубов и сексуано уживање. Фрлете го телевизорот, и онака нема ништо на програмите!

Решете се од чувството на вина и верувањето дека не заслужувате уживање во животот
Преубави сте и заслужувате повеќе отколку што имате. Уживањето е вашето право како човечко суштество.

Не судете си на себе, а ни на другите
Судењето исполнето со предрасуди предизвикува војна и уништува сè што е убаво. Сите ние сме на право место во право време. Нашиот љубовен живот, како дел од целокупниот живот, поминува низ различни степени. Учиме од нашите искуства, па и од грешките. Пуштете им на другите луѓе да одат по својот пат.

Научете да уживате во животот со дишење
Сексуалната и органската енергија патуваат со дишењето. Техниките на дишењето можат да го направат водењето љубов многу силно и полно со задоволства. Дишењето во ритам е најдобриот изум пред вибраторот.

Имајте на ум дека својата сексуалност можете да ја изразите креативно или деструктивно
Многу луѓе почнуваат да се одрекуваат од сексот затоа што сфаќаат дека нивниот однос спрема сексот е многу деструктивен. Меѓутоа, постои избор, баш како при тоа што да јадеш, а што не. Постои брз секс, здрав секс, гурмански секс... Пробајте да одберете она што на вас ќе ви оди во прилог.

Грижете се за своето тело
Јадете добро, вежбајте, негувајте го своето тело со долги бањања, масажи и преубави козметички магии.
» Прати коментар
Само регистрираните читатели можат да оставаат коментари!
Ве молиме логирајте се или регистрирајте се
» 4 Коментари
4Коментар
на 19.03.2010. 09:30Од Sweeet Girl
:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D
3"odlicno mislenje ;)"
на  7.12.2008. 14:40Од Dime palica
e bogami seksot e najgolemiot spas od depresija,no isto taka dokolku nekoj se custvuva ubavo i ima kontinuiran sex odnosno sekojdneven,toj dava pozitivna energija,go zgolemuva naseto zdravje imunitetot isto taka i radosta po sto ni se prodolzuva zivotot na podobro i na podolgi stazi :D
2Коментар
на 26.10.2008. 06:50Од narcisce
razmisluvajki za sex se custvuvate po svezi...a za toa da go frlam TV nadvor, zs nemalo programi???....pa posle tatko mi ke me frli mene i ke mi kaze da go vratam doma....:):):):)haha
1Коментар
на  3.04.2008. 17:07Од anitageorgieva
Samo sex spasuva covek od depresija........
 
< Претходно   Следно >

Биди дел од Романтични

Биди и Ти дел од Романтични тимот. Испрати текст за на насловна страна на Романтични.
Дознај повеќе...

Кивалче

03.00-03.29 Те обожава.

Анкета

Според вас, кој е најдобар симбол за висок углед?
 

Пријатели