Online: Членови: 0 | Гости: 69
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Ми се допаѓа!? Или сепак не!?

Понекогаш тешко е да се заклучи дали некој ти се допаѓа или се работи само за наклонетост. Во секој случај, ако не си сигурна дали некој навистина ти се допаѓа или не, можеби ќе ти помогнат овие совети.

1. Постојано размислуваш за таа личност - анализираш што ќе му кажеш кога ќе се видите и се грижиш да не кажеш некоја глупост или да направиш нешто непромислено. Постојано ти се во мислите неговата насмевка, неговото лице, неговите реченици...

2. Проблеми со концентрацијата - мислите ти талкаат и често се фаќаш во фантазирање за таа личност. Тешко се концентрираш на наставата или учењето. Расеана си и понекогаш не знаеш што, каде си оставила. Хмм, јасно е дека мислите ти се на друго место - упатени кон тоа симпатично момче на кое не можеш да престанеш да мислиш.

3. Поинаку се однесуваш кога си во негова близина - црвенееш кога разговараш со него или збунето се смееш кога некој ќе го спомене неговото име. Стануваш нервозна бидејќи си загрижена каков впечаток ќе оставиш кај таа личност која ти се допаѓа и како ќе изреагира на твоите реченици или однесување.

4. Сакаш да бидеш што поблиску до него - ќе направиш сè за да му се приближиш некако, па ќе ги наговориш другарките да се прошетате во неговиот кварт или во близина на игралиштето каде што знаеш дека ќе го сретнеш или ако не се познавате, барем да го видиш.

5. Се дотеруваш повеќе од вообичаено и на сите начини сакаш да поставиш подобар впечаток пред него - размислуваш за можните теми за разговор, како би го импресионирала со својата општа култура и знаење, а секако при тоа сакаш да бидеш шармантна, ултразабавна и преслатка.

6. Иако не си тактилен, тип постојано смислуваш изговори „случајно“ да го допреш - тоа е јасен показател дека тоа момче многу ти се допаѓа.

7. Постојано несвесно го споменуваш - иако можеби не го изговараш неговото име, често во разговорот со другарките почнуваш некоја тема за која вие двајца сте разговарале или ги споменуваш филмовите и музиката кои му се допаѓаат.

8. Исполнуваш безброј љубовни тестови или бараш компатабилност на хороскопските знаци за да потврдиш дали сте еден за друг.

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

m2nmxse пред неколку години

odgovorot e ednostaven...zatreskani ste a sto ponatamu? toa ne e za site isto,za zal...

Ladyana пред неколку години

e vo ovoa se celosno pronaogam super e

rozeee пред неколку години

Bash se pronajdov...

rosan4e88 пред неколку години

точно е истото и мене ми се слулчува баш како што овде е напишано

Sama*** пред неколку години

bash isto samo sho jas nemam ni shansi da zbornam so nego pa ne neshto pojshe od toa

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка


QUERY ERROR4 => The table 'session' is full