Online: Членови: 0 | Гости: 42
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Усовршете го бакнежот

Бакнежот ги поттикнува емоциите и страста кај партнерите. Постојат неколку техники за бакнувањето да го доведете до совршенство. Еве неколку од нив:

Како до првиот бакнеж?
Скрши го ледот, на почетокот на состанокот бакни го партнерот во образ, кога ќе дојде време за вистински бакнеж и двајцата ќе бидете многу по релаксирани. Допри го партнерот во текот на вечерта, но допирот да не трае премногу долго, користи самопроцена. Чекај го вистинскиот момент за претставување на себе си. Читај го јазикот на телото. Дали партнерот се приближува кон тебе?

Чекор по чекор
Благо искриви ја главата, затвори ги очите (за да ја почувствуваш сензацијата на бакнежот). Бакни нежно и меко со малку отворена уста. Внимавај на мирисот на здивот. Нежно движи го своето тело кон неговото, ако тој ти одговори на ист начин, тогаш доближи ги своите гради кон него, а потоа и половината и колковите. Почувствувај го ритамот на својот партнер и следи го.

Јазикот
Нежно истражувај со јазикот по внатрешноста на неговата уста, обрнувајќи внимание на емоциите и ритамот на партнерот. Потоа играјте се со јазиците.

Што треба, а што не, додека се бакнувате?
Без лигавење - влажноста не треба да биде поголема од нормалната. Не ги стегајте усните - дозволете вашите усни да бидат релаксирани, а не стегнати. Кокетирајте - бидете нежни отпрвин. Дај му шанса на партнерот да ги бара и сам да дојде до твоите усни. Користете ги сите сетила - водете љубов преку усните. Бидете свесни за својата орална хигиена. Не притискајте ги премногу своите усни, кон усните на партнерот, затоа што може да боли, а нему ќе му биде тешко да возврати.

Техники за специјален бакнеж
Благо грицкање на усните. Нежно шмукање на долниот дел на уста. Држете ја главата на партнерот со двете раце и страсно бакнувајте го. Бидете креативни, изградете свој стил на бакнување, не се задржувајте на еден начин. Дозволете јазиците да танцуваат заедно. Користите чоколадо, мед или други слатки, за усните да бидат вкусни и слатки.

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

***SiLvUsKaTaAa*** пред неколку години

ne da se dobriiiiiiii COOL ke gi praktikuvam u idnina ..........

Среќно Несреќ пред неколку години

ај ќе пробам

DanNySh пред неколку години

haha dobri soveti...
za vo idnina da gi praktikuvam...

loving.an.angel^^ пред неколку години

кул !

Dime* пред неколку години

Like

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка


QUERY ERROR4 => The table 'session' is full