Online: Членови: 0 | Гости: 428
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Како да кажете дека сте заљубени во...

Често се случува да имаме најдобар другар и во одреден момент да се заљубиме во него. И тогаш си го поставуваме прашањето: „дали и тој го чувствува истото?“, но тоа не можете да го знаете доколку тој не ви каже. Можеби решението е да му признаете дека сте заљубени во него, па ќе добиете одговор дали и тој ги има истите чувства како вас.
Еве неколку совети како да му кажете на другарот дека сте заљубени во него:

1. Никогаш не смеете да брзате со своето признавање. Прво мора да ги преиспитате своите чувства и да сфатите дали навистина сте заљубени во него или тоа е само минлива фаза. Ако не сте навистина заљубени во него тогаш врската сигурно нема да ви трае догло, па така да го изгубите и како пријател и како дечко.

2. Кога ќе му признаете дека сте заљубени во него морате и да му кажете дека и понатаму ќе останете пријатели дури ако тој не го чувствува истото за вас како вие за него или ако се случи вашата врска да не успее.

3. Кога разговарате со него слушајте што говори затоа што можеби ви праќа некои сигнали кои не ги забележувате. Од еден разговор може да дознаете дали тој има чувства према вас или не.

4. Можеби и тој е заљубен во вас, а да не сте го приметиле тоа до сега. Обратете внимание на сигналите кои ви ги праќа. Ако често ве допира, гушка, бакнува, ви дели комплименти и во шега говори дека би сте биле добар пар, можеби и тој е заљубен во вас.

5. Разговарајте со неговите пријатели ако имате можност. Тие можеби знаат нешто што вие не знаете. Можеби на некој од нив кажал нешто за вас.

6. Пробајте да флертувате со него и видете како ќе реагира на тоа. Ако го прифати вашиот флерт, тогаш е време да тргнете во акција, но ако се повлече тогаш најубаво ќе биде да се насмеете и да кажете дека сето тоа е шега.

7. Кога ќе одлучите да кажете дека сте заљубени во него бидете искрени и верувајте им на своите инстинкти. Кажете му го тоа на што поедноставен начин и без многу вртење одоколу.

 

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка


QUERY ERROR4 => The table 'session' is full