Online: Членови: 0 | Гости: 89
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Како да одолеете на искушението?

Тоа може да е соседот/ката, колега/ка од работа или факултет или пак некој со којшто сосема случајно ќе се запознаеме.

 

Тоа и не е така лошо, меѓутоа има една работа којашто не ни го дозволува тоа. Во врска сме. Како да одолеете на тоа искушение и да не потпаднете под притисокот на вашите моментални чусвства? Токму за ова имаме неколку совети за вас.

1. Полека, но сигурно потребно е да се дистанционирате од таа личност. Тоа не треба да го правите на премногу нападен начин, како не би ја загрозиле положбата во којашто се наоѓате вие и таа личност, но и да не ја загрозите вашата врска којашто во тој момент ја имате. Не излегувајте заедно на пауза, не разговарајте доколку тоа не е потребно и не корисете гестови и реченици коишто личноста може погрешно да ги сфати.

2. Не размислувајте за таа личност. Дајте си на себеси време во коешто ниту еднаш нема да помислите ни за момент на личноста. Во меѓувреме поминете подолго време од обичаеното со партнерот. После тоа време во коешто нема да размислувате за таа личност, потрудете се да помислите само на момент. Ако тоа било само обичен флерт, чувствате кон таа личност ќе се сменат. Но ако постои некоја привлечност ... и самите знаете што значи тоа.

3. Доколку не можете да ја исфрлите од вашите мисли личноста којашто започнала да ви се допаѓа, замислете како сте ја завршиле вашата сегашна врска и пробајте да анализирате што ќе ви недостига најмногу од таа врска. Потоа замислете се во врска токму со личноста којашто ви се допаѓа и видете дали тие празнини, т.е работи коишто ќе ви недостигаат, таа личност ќе може да ги надополни.

4. И на крај, доколку сте успеале да одолеете на ова искушение, потрудете се вашата сегашна врска да ја подигнете на повисоко ниво. Така и на самите себе ќе си ставите до знаење, но и на вашиот сегашен партнер, колку таа врска ви значи.

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка


QUERY ERROR4 => The table 'session' is full