Facebook Twitter Youtube
Online: Членови:0 | Гости:417
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Како до прв сексуален однос?

Прв пат кога ќе „одиш до крај“ – твојот прв сексуален однос, навистина е посeбна работа. Можеби ќе бидеш загрижена или ќе се срамиш како ќе изгледаш без облека или пак нема да ти биде пријатно да бидеш толку гола пред некој. Сè тоа е природно, а лекот за овие работи е добра комуникација со партнерот. Треба да бидеш опуштена и да ги споделиш своите идеи со партнерот (кој исто така е по малку нервозен) – и напнатоста ќе помине.

Секс и љубов
За некои луѓе сексот е нераздвоен од љубовта и врските. Други чекаат брак за да го имаат првиот однос, а пак трети не гледаат заедничка врска меѓу сексот и љубовта.
Она што е битно за тебе е да се чувствуваш убаво и самоуверено во тоа што го правиш и да се заштитиш. Ова не значи заштита само на физичко поле – како што се бременоста и другите полово преносливи болести. Тука постои и емотивен ризик, а тоа е како ќе се чувствуваш после првиот сексуален однос. Затоа немој да си дозволиш тоа да го направиш само затоа што твоите другарки веќе го имаат направено тоа и си мислиш дека е глупаво да бидеш невина – можеш да се чувствуваш лошо после тоа.

Дали девојката може да затрудни по својот прв сексуален однос?
Да, ова навистина може да се случи доколку не се користи заштита. Заради тоа водете сметка и на време размислете каде да купите заштита, како што се кондомите.

Кога сум спремна за секс?
Не постои точен број на години кога организмот е спремен за секс. Тоа што е важно е сама да почувствуваш дека си спремна.

Дали првиот пат боли?
Многу девојки се грижат за ова прашање. Навистина, првиот пат може да боли и некои девојки дури и крварат по малку. Крварењето е последица на пукањето на хименот, тенката мембрана која ја покрива вагината и ја штити во младоста. Хименот има мали отвори низ кои поминува крвта додека трае менструацијата.
За да бидеш опуштена и спремна за однос треба да пролееш лизгава течност која ќе помогне пенисот полесно да влезе во тебе. За да дојде до тоа потребна е предигра. Во тоа спаѓа допирање, бакнување, мазење, зборување... и што друго и да смислите. Нека трае подолго твојот прв однос, поминете некое време заедно. Направете пријатна атмосфера со свеќи и некоја романтична музика. И кога тој ќе влегува во тебе ти малку подигни се (т.е. подигни го стомакот и колковите). Така нема да се чувствуваш толку болно.

Работи кои треба да ги знаеш пред да имаш однос:
1. Внимателно одбери кој ќе биде твојот прв партнер, затоа што освен тоа што првиот најдолго се памти, мора да биде многу пазлив према тебе, да не го паметиш по некои лоши работи.
2. Немој да заборавиш на заштита. Не дозволувај нешто да го загрози твоето прво искуство.
3. Разговарај со мајка ти или со другарките кои веќе имале односи со своите партнери... така ќе бидеш спремна на она што те чека.
4. Разговарај со него за вашиот однос. Нека ти ги каже неговите ставови за сексот, како би се однесувал према тебе и после водењето љубов.
5. Немој да се срамиш од своето тело, опушти се и чувствувај се привлечно. Имај самодоверба!
6. Замисли како би сакала да изгледа твојот прв однос, но немој да претеруваш во размислувањата за да не се разочараш на крај ако не испадне сè баш како што си замислувала.
7. Запознај го своето тело пред да дадеш некој друг да го запознае.
8. Не прави ништо во што не си сигурна. Немој да дозволиш некој да влијае на тебе или на дечкото кој е со тебе.

 

 

Тест:
Колку си спремна за првиот секслуален однос?


1. Имам дечко:
А) веќе подолго време, многу добро се познаваме. Сè можеме да направиме заедно... па и ова сакаме да го пробаме.
Б) кој синоќа го запознав на журката. Единствено што знам за него е дека се вика Бојан.
В) недела дена. Имал многу девојки пред мене. Немам многу доверба во него.

2. Твоето мислење за контрацепцијата е:
А) ако сум подолго со еден дечко ќе користам пилули... а ако не кондом. Но без заштита ништо.
Б) ма каква заштита, ако нешто ми е судено тоа и ќе се случи, со заштита или без.
В) нема да користам никаква заштита затоа што му верувам на мојот дечко и знам дека ништо лошо нема да ми се случи.

3. Колку се сакаш себе и твоето тело:
А) знам дека не сум манекенка, но добро се чувствувам во своето тело и нема да ми биде срам да се соблечам пред мојот дечко. Имам доволно самодоверба.
Б) јас сум совршено градена. Многу дечки би сакале да бидат со мене. Не постои дечко на кој не би му се допаднала.
В) јас сум многу, многу незадоволна од својот изглед. Ќе можам да се соблечам само ако светлото е изгаснато.

4. Како го замислуваш својот прв имтимен однос со дечко:
А) мора да биде многу романтично.
Б) не сум размислувала за тоа. А на кого и му е важен првиот пат?
В) не знам. Важно е да биде спонтано, па за понатаму ќе се договориме.

5. Што мислиш, колку си спремна?
А) сум зборувала со другарките за нивниот прв пат и сè што е важно за тоа. Мислам дека сум спремна затоа што знам многу за тоа.
Б) имам 15 години, сите мои другарки тоа веќе го направиле... па ќе пробам и јас.
В) знам дека не сум многу спремна, но мојот дечко го сака тоа.

 

Најмногу одговори под А:
Ти знаеш што сакаш во животот. Имаш доволно самодоверба и никој неможе да те наговори да направиш нешто што не сакаш. Посоветувај се со мајка ти, распрашај се кај другарките за се што те интересира и најважно – разговарај со твојот дечко.

Најмногу одговори под Б:
Ти се однесуваш како дете, а сакаш да бидеш голема. Мораш да ги промениш ставовите поради кои изгледаш незрело, затоа што може да те чинат многу. А што се однесува до заштитата знаеш само – заштита, заштита и само заштита.

Најмногу одговори под В:
Многу се потпираш на туѓо мислење. Мора да изградиш свој став, да се цениш повеќе и обавезно да се информираш за својот прв пат. Кога сосема ќе се опуштиш и ќе веруваш во себе и своите способности, дури тогаш ќе ти биде убаво.

Можеби ќе Ве интересира...
Како до оргазам?
Многу анкети покажуваат дека нема жена која барем еднаш не одглумила оргазам за време на секс...
од Романтичен |
Како до совршено фелацијо?
Кој рекол дека фелацијото секогаш треба да биде брзо, диво и порнографски?!
од Романтичен |
Како до подобар секс?
Кога следен пат ќе ви биде тешко да си ја исчистите собата кога партнерот е тука – размислете уште еднаш. Малите промени
од Романтичен |
Интересни места за секс
Доколку вашиот сексуален живот е затворен во вашата спална соба, водењето љубов под ведро небо може да ја намали...
од Романтичен |
Коментари
Mmmm dosta mnogu komentari za seksto....toa me raduva
Ми треба совет.. дали ќе може некој да ми даде ?
Со едно детее сум веќе подолго време во контакт, помегу нас се уште нема ништо.. но тој веќе размислува за секс.. јас до сега сум и немала.. имам само 16 години... и пд секогаш сум размислувала дека право време е на 18-19 години... ноо детето премногу ми се допаѓа.. што мислам дека и се заљубив... ако ми потера на 1 или 2 среќавање што да направам.. ? ве молам помогнејте ми.. во голема дилема сум, а не сакам да го изгубааам pozz
За да имаш секс со некого треба да бидеш многу блиска со него и мн добро да го познаваш.Како што пиша..помеѓу вас сеуште нема ништо а сексот не може да дојде пред тоа да се случат некои други работи(мување,врска).Ако тој ти побарал секс најпрво од се друго тогаш значи дека тоа е од корист,ќе го добие тоа што го сака и после ќе си замине без ниту еден збор.Немој да избрзуваш зошто после може и да се каеш.ПоЗЗ и пиши ни што си одлучила
Ve molam za sovet.Imam decko i vekje 4 meseci sme vo vrska,odlicno ni odi dosega nemame nikakov problem,no edna rabota me maci.Toj sekogas koga ke se vidime zboruva za sex i go posakuva toa no jas uste ne sum spremna a imam 19 god.Sekoe nase gledanje zavrsuva so galenje dopiranje i se taka,no pred da dojde do sex jas go prekinuvam zoso se plasam.Toj veli deka me saka i deka saka cela ljubov da ja doziveeme zaedno,no jas iako go sakam,depal premnogu se plasam.Isto taka se plasam deka ako naskoro ne mu dadam deka ke me ostavi.fala odnapred
Zaboraviv da spomnam uste nesto.Toj veli deka ne saka da mi ja zeme nevinosta i me ubeduva da imame analen sex.Dali nekoj imal vakvo iskustvo i da mi kaze dali ako imam analen sex ke ja izgubam nevinosta?

Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Beastly (Ѕверски)

Модерна верзија на „Убавицата и ѕверот“ каде што тинејџер од Њујорк се претвара во чудовиште за да ја најде вистинската љубов.

Alex Pettyfer, Vanessa Hudgens