Online: Членови: 0 | Гости: 86
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Секси тактики кои палат кај секое машко

Доколку сеуште не сте на чисто со тоа што сака, а што не сака вашиот дечко кога е во прашање сексот, еве неколку одговори кои ќе ви решат дел од дилемите кога се во прашање неговите сексуални фантазии.
Девојката која е вешта во спалната соба е основа на сите секси машки фантазии. Тие фантазираат за девојки кои се секогаш спремни за акција, кои сакаат да експериментираат и од време на време да им пружат некое ново задоволство.
Но, за да станете права освојувачка во креветот, морате да бидете запознаети со сите трикови кои машките ги сметаат за неодминливи под чаршавот. Еве неколку од нив после кои машките ќе ве гледаат како богиња.

Секс преку телефон
Јавете му се во некое чудно време и започнете секс преку телефон. Со зборови опишете му го тоа што сакате да ви го прави и тоа што вие на него сакате да му правите. Нема да остане рамнодушен.

Самодржечки чорапи и халтери
Еден од машките предлози за девојките е да стават халтери затоа што ги излудува тоа кога ќе останат по гаќички и самодржечки чорапи.

Врзи ме, нежно
Машките ги возбудува помислата дека имаат сè под контрола и дека се доминантни. Дозволете им да ве врзат за креветот, а потоа потполно препуштете се во неговите секси вештини. Тоа ќе го излуди.

Стриптиз
Соблекување или мал стриптиз ќе го симне на колена, посебно ако цело време имате контакт со очите и со лесни движења му покажувате што го чека следно.

Говорете што сакате
На машките ќе им биде полесно доколку во креветот директно им кажете што сакате наместо да ќутите и давате збунувачки сигнали. Ќе ужива во тоа да ве задоволи уште повеќе.

Изненадување
Има ли нешто поубаво од изненадување? Околу тоа и не треба да се трудите. Доволно е да го дочекате во секси долен веш и потполно ќе го освоите.

Истражувајте
Машките знаат да бидат молчливи, па сами проверете како вашиот партнер реагира на одредени идеи и ќе дознаете што му се допаѓа, а што не.

Покажете му што сакате
Ако сте несигурни и срамежливи не морате да му кажете што вас ве возбудува. Со вашите раце однесете ги неговите на тоа што сакате да ви го прави.

Повеќекратно задоволство
Како што девојките сакаат истовремена стимулација на повеќе места, така е и со машките. Девојките повеќе се ориентирани на долниот дел, но машките сакаат кога ги допирате и по другите делови од телото, посебно кај оралниот секс.

Грижа за големината
Додека девојките се грижат за целулитот и дебелината, машките се прашуваат што девојките мислат за нивниот пенис. Затоа искористете го моментот за разговор во креветот и кажете му дека сте и тоа како задоволни. Тоа ќе му ја подигне самодовербата и сексот ќе ви биде уште подобар.

Поза 69
Ако сте нови во испробувањето на позата 69, бидете вие од горе затоа што така тој ќе има слободни раце и ќе ви пружи потполно задоволство.

Доминација
Машките го сакаат чувството на моќ, па понекогаш допуштете им да бидат доминантни и да ви прават што ќе посакаат, секако, до каде што дозволуваат границите.

Внимателно со критиките
Доколку не сте задоволни од сексот тоа треба да му го кажете на партнерот, но со помош на аргументи, како би му било јасно во што е проблемот. Немојте да го оставите без објаснување затоа што збунетоста може уште повеќе да го упропасти вашиот следен однос.

Перници
Перниците помагаат некои пози да бидат попровокативни. Ставете една перница под вашиот задник додека е тој над вас. Пенетрацијата под друг агол ќе му пружи поинакво задоволство. И двајцата ќе добиете нови искуства во креветот.

 

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка


QUERY ERROR4 => The table 'session' is full