Facebook Twitter Youtube
Online: Членови:0 | Гости:650
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Соновник З

ЗАБАВА
Ако на сон се забавувате - ќе одите на нечиј погреб и бидете среќни што тоа не е ваш.

ЗАБАР
Бес и јад.

ЗАБИ
Ако ви паѓаат - смрт во семејството. Ако извадите заб - ќе ги прекинете односите со некое непријатно лице. Ако поправате заби - ќе си ја средите ситуацијата. Расипани заби - болест. Убави, бели заби - здравје. Нов заб - ќе чуете нешто што не сте го знаеле досега. Вештачки заб - разочарување. Златни заби - богатство. Ако на сон миете заби - штета. Ако ве болат заби - блиски луѓе ќе ви нанесат навреда.

ЗАБИВАЊЕ
Ако забивате нешто - само со решителност и храброст ќе постигнете успех.

ЗАБЛУДА
Ако сте во некаква заблуда - ќе најдете пријатели во неволја.

ЗАБОРАВАЊЕ
Ако на сон нешто заборавите - загуба, назадување во работата.

ЗАБУНА
Ако направите некаква забуна - пазете се од лажните пријатели.

ЗАВЕДУВАЊЕ
Ако сте заведени - околината ве смета за лош човек. Ако заведувате некого - се дружите со лошо друштво.

ЗАВЕСА
Ќе се открие некоја тајна, неизвесна иднина.

ЗАВЕТ
Ќе имате непријатности поради неодржани ветувања.

ЗАВИВАЊЕ НА ЖИВОТНО
Многу лоши вести.

ЗАВИДУВАЊЕ
Ако некому завидувате - успех, но со големи напори.

ЗАВОЈ
Ќе ја изгубите сопствената слобода (можеби со венчавање).

ЗАГАТКА
Ако решавате загатка - ќе добиете некои важни објаснувања. Ако не ви успева да ја решите загатката - ќе се најдете пред некој многу замрсен проблем.

ЗАДОЦНУВАЊЕ
На некој состанок - ќе пропуштите некоја поволна можност.

ЗАЕМ
Ако добиете заем - ќе преземете некоја должност. Ако дадете заем - ќе си создадете непријатели.

ЗАЈАК
Бел зајак - успех. Црн зајак - несреќа. Ако јадете месо од зајак: ако сте болни - ќе оздравите, ако сте здрави - благосостојба. Ако убиете зајак - некој ќе ве поткаже дома. Ако пукате во зајак - незгода на пат. Ако гледате како играат или трчаат зајаци - озборување.

ЗАЈДИСОНЦЕ
Долг живот и добро здравје.

ЗАКАНУВАЊЕ
Неуспех при остварување на плановите.

ЗАКЛЕТВА
Ако полагате заклетва - некому му е потребна ваша помош. Ако лажно давате заклетва - ви претстои брак со вдовец/вдовица.

ЗАКОПУВАЊЕ
Некого или нешто - пазете се, ќе имате судски спор. Ако ве закопале живи - ќе бидете казнети поради љубопитност. Ако сте мртви и ве закопуваат - ви претстои скоро венчавање.

ЗАКУП
Ако земете нешто под закуп - благосостојба.

ЗАЛИВ
Среќа, спас од непријатностите.

ЗАЛОГ
Ако давате нешто под залог - успех во работата. Ако примате залог - не распрашувајте се околу туѓите тајни. Ако не го искупите залогот - непријатности. Ако заложите туѓ предмет - неверство.

ЗАЛУТУВАЊЕ
Ако на сон залутате - ве очекуваат и пријатни и непријатни изненадувања. Ако залутате во град - полека, но сигурно ќе стигнете на целта. Ако залутате вон град - залудно се трудите. Ако залутате во шума - ново познанство. Ако залутате во поле - беда.

ЗАМАВНУВАЊЕ
Деловен успех.

ЗАМЕНА
Ако заменувате нешто со некого - ќе имате успеси во однесувањето со луѓето.

ЗАМИНУВАЊЕ
Без поздрав - нагла смрт. Со поздрав - промена на позициите.

ЗАМОК
Ако видите замок - нема да ви се остварат желбите. Ако живеете во замок - благосостојба и среќа.

ЗАМОР
Ако на сон почувствувате замор - во своите потфати ќе застанете пред самата цел.

ЗАНАЕТЧИЈА
Башата вредност ќе дојде до израз.

ЗАПАЛКА
Премногу сте експлозивни и тоа ќе ви донесе само штета.

ЗАПАЛУВАЊЕ
Ако запалите оган - ве очекуваат низа непријатности поради сопствено незнаење. Ако ја запалите својата куќа - телесни повреди. Ако запалите туѓа куќа - кавга, а можеби и тепачка.

ЗАПОЗНАВАЊЕ
Со некого - непријатности.

ЗАРАЗА
Болест во семејството.

ЗАРОБЕНИК
Ако сте заробеник - не грижете се за секојдневните потреби. Ако видите заробеници - ќе ве излажат.

ЗАСЕДА
Ако паднете во заседа - добро ќе се одвива работата. Ако некому спремате заседа - се подготвува некое зло.

ЗАСИПНАТОСТ
Ако сте засипнати - добивка, корист. Ако е некој друг засипнат - некој ќе се насладува со плодовите од вашата работа.

ЗАСОЛНИШТЕ
Ако барате засолниште - ќе се случи нешто многу непријатно. Ако барате и не наоѓате засолниште - имате неверни пријатели. Ако го најдете - ќе добиете помош во неволја. Ако живеете во засолниште - ќе доживеете срам или штета поради непристојно однесување.

ЗАТВОР
Пред вас стои една многу непријатна задача. Ако сте во затвор - ве очекуваат големи неприлики. Ако излегувате од затвор - ослободување од грижите.

ЗАШТИТНИК
Ако сте некому заштитник - имате добри намери, но околината лошо ве сфаќа. Ако имате заштитник - ќе ве наговараат на злодело.

ЗБИРКА
На растенија - радост. На камења - непријатен настан. На марки - напори без цел. На инсекти - непријатности.

ЗБОРОВИ
Ако чуете зборови и ги разберете - среќа. Ако не ги разберете - лошо ќе ви тргне.

ЗБОРУВАЊЕ
Ако некому нешто зборувате - углед. Ако слушате некого како зборува - ќе бидете во досадно друштво. Ако на сон зборувате на странски јазик - ќе се израдувате на гости од далеку.

ЗГРАДА
Ако гледате како се гради - со трудољубивост ќе дојдете до успех. Ако се вселувате во нова зграда - подобрување на материјалната ситуација. Рушење на зграда - ви претстојат многу пречки на патот до успехот.

ЗДОЛНИШТЕ
Ако добиете здолниште - штета. Ако купите здолниште - сиромаштија. Ако носите црно здолниште - погреб. Искинато здолниште - корист.

ЗДРУЖУВАЊЕ
Со некого - ви претстои брак.

ЗЕБРА
Неуспех порад неодлучност.

ЗЕЛЕНА БОЈА
Среќна иднина.

ЗЕЛЕНЧУК
Ако берете зеленчук - ќе ви се исполнат некои тајни желби. Ако готвите зеленчук - кавги во семејството. Ако јадете јадење од зеленчук - многу непријатности поради сопствената лекомисленост. Ако јадете сиров зеленчук - ви се заканува опасност од пожар.

ЗЕЛКА
Ако садите зелка - безгрижен живот. Ако јадете зелка - остварување на желбите, но со голем труд.

ЗЕМЈА
Ако копате земја - непријатен настан. Ако лежите на земја - болест, непријатности. Ако се отвори земјата - кавги. Исушена земја - непријатности и неуспеси. Плодна земја - благосостојба.

ЗЕМЈИНА ТОПКА
Големо патување.

ЗЕМЈОДЕЛЕЦ
Благосостојба со многу труд.

ЗЕМЈОДЕЛИЕ
Богатство.

ЗЕМЈОТРЕС
Не ги заборавајте своите должности кон црквата.

ЗЕТ
Грижи.

ЗИМА
Непријатности. Време е да почнете со работа.

ЗИМЗЕЛЕНО ДРВО
Верувајте им на пријателите.

ЗИМНИЦА
Ако спремате зимница - само со штедење ќе дојдете до заработувачка.

ЗЛАТАР
Загуба на пари.

ЗЛАТНА РИПКА
Среќата ќе ви избега.

ЗЛАТНО ЛАНЧЕ
Венчавање во семејството или на некои пријатели.

ЗЛАТНИК
Ако барате златници - големи трошоци. Ако најдете златници - радост и благосостојба.

ЗЛАТО
Ако најдете злато - среќа, наследство. Ако копате злато - ќе наидете на среќа таму каде што ја очекувате. Ако поседувате злато - богатство. Ако ковате злато - благосостојба. Ако сте закитени со злато - луѓето ве сметаат за премногу лоши. Ако крадете злато - лоши вести. Ако подарувате злато - ќе бидете поканети на нечија свадба. Ако изгубите злато - загуба. Ако добиете злато како подарок - ќе бидете осрамотени.

ЗЛОСТОРСТВО
Ако видите злосторство - ќе имате работа со полиција. Ако направите злосторство - смртна опасност.

ЗМЕЈ
Ако ве гони - со многу маки ќе избегнете некоја опасност. Ако се борите со змеј - ќе направите некое добро дело. Ако јавате на змеј - голема чест. Змеј од хартија - веселба. Ако гледате како лета змеј од хартија - искачување и благосостојба. Ако паѓа змеј од хартија - непријатности.

ЗМИЈА
Некој од вашата околина сака да ви наштети. Змија со повеќе глави - голема опасност. Многу змии - подмолни пријатели. Многу змии од кои не можете да избегате - има малку изгледи за подобри времиња. Ако ве касне змија - поради озборување ќе расипете некои добри односи. Ако убиете змија - триумф над непријателите. Голема змија - загуба. Мала змија - ќе се лутите некому. Ако вие ја нападнете змијата - опасност, болест.

ЗНАМЕ
Среќа. Ако се вее на ветар - пребродена опасност. Ако носите знаме - пресврт на подобро во работата. Знаме на куќа - ве чека слава. Улица со знамиња - веселба.

ЗНАЧКА (БЕЏ)
Ако носите значка - непријатности. Ако видите значка на друг - ќе избегнете некои непријатности.

ЗООЛОШКА ГРАДИНА
Ао успех ќе завршите некоја важна работа.

ЗУМБУЛ
Ќе добиете подарок.

Можеби ќе Ве интересира...
Н
Соновник Н. Протолкувајте ти вашите сонови со најдобриот македонски соновник. Makedonski sonovnik
од Романтичен |
Ц
Соновник Ц. Протолкувајте ти вашите сонови со најдобриот македонски соновник. Makedonski sonovnik
од Романтичен |
Љ
Соновник Љ. Протолкувајте ти вашите сонови со најдобриот македонски соновник. Makedonski sonovnik
од Романтичен |
Л
Соновник Л. Протолкувајте ти вашите сонови со најдобриот македонски соновник. Makedonski sonovnik
од Романтичен |
Коментари

Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Beastly (Ѕверски)

Модерна верзија на „Убавицата и ѕверот“ каде што тинејџер од Њујорк се претвара во чудовиште за да ја најде вистинската љубов.

Alex Pettyfer, Vanessa Hudgens