Online: Членови: 0 | Гости: 396
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Бескрајна љубов

Те сакам. Бескрајно те сакам. Со сето срце, со сета своја душа... Се случи да се вљубам во тебе на прв поглед. Некогаш ми беше смешно кога ќе речеа - љубов на прв поглед. А еве токму мене не ме одбегна. Зар не е романтично? Но оттогаш ми се всели немир во срцето. И одеднаш, само за миг, сиот мој свет се промени. Ме излуде со еден поглед, со една насмевка. Почнав да сонувам, постојано да мислам на тебе. Секој ден те гледам. И станувам сé посигурна во љубовта кон тебе. Кога ќе ме погледнеш, почнуваат да летаа пеперутки пред мене, упорно да летаат, а притоа запишувајќи го твоето волшебно име во воздухот. Во стомакот нешто ми затреперува. Твоите очи се толку мили и невини. Толку многу ги љубам. Ти, само ти си единствениот по кого срцево ми копнее. Ти си како ветар кој нежно ме допира и милува. Ти си сонце кое ме огрева, ти си најубавиот цвет во мојата градина. Ти си ми сé, ти си мојата единствена и незборавна љубов. Ти си мојата среќа, мојот живот. Копнеам по љубовта твоја, копнеам од твоите нежни усни да ги слушнам двата волшебни збора: ТЕ САКАМ! Немој да те зачудува тоа што сакам да сум твоја принцеза. Затоа заборави сé друго и дојди кај мене. Дојди кај онаа девојка што толку многу те сака. И сакај ме како што те сакам јас, зашто моево срце силно трепери и само тебе те чека.

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

Fanta пред неколку години

nemam zborovi super e !

zaspanata ubavica пред неколку години

nesto najslatko od se--------ljubovta na prv pogled
a tekstot e preubav...!!!

Остави Коментар



Слики од нашите членови


Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка