Online: Членови: 0 | Гости: 233
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Беда, очај, бес, тага, безизлез беа работите кои таа ги чувствуваше. Имаше голема душа, а сепак беше изгубена во просторот и времето, беше изгубена помегу јавето и сонот. Девојчето со скршена насмевка имасе само 17 години и неверојатна животна приказна која не и дозволуваше да се радува на мали нешта и не и дозволуваше да верува во победи. Таа беше преубава кукличка со ледена насмевка која живееше во сенка на сопствениот живот поразена од времето. Всушност, нејзината улога на марионета беше предизвик за сите бедници кои се фалеа мислејќи дека ја добиле најскапата играчка - нејзиното срце! Но тие не знаеа дека таа сакаше! Сакаше со целата силина на нејзиното скаменето срци изгубената дуса која талкаше низ времето барајќи спокојство. Таа беше совршенство на природата кое уриваше сонови, а немасе сила да го оствари својот сон. Таа имаше само еден сон, да биде со него! Тој беше нејзин воздух, нејзина храна, нејзина најголема болка, нејзин сон и причина за живот. Неа ја плашеше секое поклопување на стрелките зашто знаеше дека нејзиното време поминува, а копнежот по тие усни се зголемува. Таа беше матно привидение на болната вистина дека љубовта сепак не постои и тоа и создаваше вртелешка во главата. А тој, нејзиното второ јас, беше немирен привед на пимот забава. Тој беше неосуден убиец на многу соништа, тој беше олицтворение на она што претставуваше добар живот. Тој имаше сè, но немаш срце! И додека таа го градесе сопствениот заборав, тој немасе храброст да ја погледне во очи и да ја спречи судбината да ја прегази. Тие беа совршенство кое не можеше да постои и трае, смеејќи и се на бедната судбина за нејзините зли намери. Тие двајца ги издигнаа зборовите љубов и разочарување на пиедесталот. Тие постоеа иако никогаш не беа вистински заедно зашто тој остана нејзина сенка, а таа негов најголем сон и покрај непризнавањето. Денес, погледите им се сретнуваат, таму некаде низ времето кога стрелките се поклопуваат. Не, таа не се плаши повеќе, знае дека некој мисли на неа. Тоа е она алчност која ја проколнала со поглед и убила со насмевка. Тој е оној кој никогаш не научи вистински да сака и вистински да живее!

Боли погледот кој продира низ срцето затоа што вистинската љубов го раскинува и најледеното срце!

А тој немаше срце и затоа го уништи нејзиното. А таа мирно ја прифати судбината дозволувајќи му на бедникот да победи!

 

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

EME пред неколку години

tekstov e prekrasen no sepak mn tazno e......

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка