Online: Членови: 0 | Гости: 308
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Љубовната приказна на Ататурк и Елени

 

Можеби малкумина од помладите генерации знаат за оваа љубовна приказна од 19 век. Станува збор за неостварената љубов помеѓу Мустафа Кемал Ататурк и битолчанката Елени Каринте.

Многумина ги нарекуваат балканските Ромео и Јулија. Писмото што Елени му го напишала на Кемал се наоѓа во битолскиот музеј и причина голем број на турски туристи да поминат илјадници километри за да дојдат да го прочитаат. Нивна најомилена туристичка атракција е спомен собата во битолскиот Музеј и балконот на Каринте, каде почнал да гори првиот пламен на нивната љубов.

До Ке­мал Ата­турк,

не­ка­де и не­ко­гаш !

По­ми­наа тол­ку го­ди­ни, а јас ете уште се­кој ден че­кам абер од те­бе.  Ако не­ко­гаш го до­би­еш пис­мо­во,

се­ти се, ви­ди ги сол­зи­ве на хар­ти­ја­ва… Го­ди­ни­те си вр­ват.  Ов­де­ка се збо­ру­ва за те­бе. 

Не­што се слу­чу­ва.

Ако ги чи­таш овие ре­до­ви до­де­ка љу­биш не­ко­ја дру­га же­на, иски­ни го пис­мо­во и пра­шај ја неа

да­ли ве­ру­ва де­ка не­ко­ја си Еле­ни Ка­рин­те од Би­то­ла го по­ар­чи­ла цел жи­вот за еден чо­век со

ко­го би­ла са­мо еден ден.  Ако ја љу­биш неа, ка­ко што јас те љу­бам те­бе, не ка­жу­вај ѝ ни­што,

не­ка би­де среќ­на ако си и ти.

Ако, пак, уште ја па­ме­тиш де­вој­ка­та од Бал­ка­нот и не љу­биш дру­га, знај де­ка те че­кам. 

Ќе те че­кам се­кој ден, цел жи­вот… Знам де­ка ќе се вра­тиш, де­ка не си за­бо­ра­вил.

Та­тко ми умре.  Има ве­ќе це­ла го­ди­на.  Тој ден ко­га ме граб­на од те­бе, ме зак­лу­чи до­ма. 

Не ме пу­шти цел ме­сец.  Не пла­чев.  Зна­ев де­ка џа­бе ќе се си­те ка­тан­ци и за­тво­ри. 

Чо­ве­кот со кој тој са­ка­ше да се зе­мам го ви­дов са­мо ед­наш.  Ме пра­ша да­ли не­ко­гаш

ќе мо­жам да го љу­бам… му ре­ков: не!  Си го љу­бам пр­во­то ли­бе.  По­ве­ќе не го ви­дов.

Та­тко ми ни­ко­гаш не ми про­сти.  Ни јас не­му.  Не­кол­ку де­на пред да умре ме вик­на кај се­бе… ре­че:

Знам де­ка згре­шив, но знам и де­ка ни­ко­гаш не бев до­бар та­тко.  Не ба­рам да ми про­стиш,

не ба­рај ни ти!  Бог не­ка ни про­сти на двај­ца­та.  Са­кав нај­до­бро, а на­пра­вив нај­ло­шо.

Та­тко ми не бе­ше лош чо­век!

Не сум ве­ќе мла­да и уба­ва ка­ко то­гаш.

Цел жи­вот еден ден…

Веч­но те са­ка и се­ко­гаш ќе те че­ка 

веч­но тво­ја,

Еле­ни Ка­рин­те

Ова е писмото за кое се верува дека пред повеќе од еден век му го напишала битолчанката Елени Каринте на младиот Мустафа Кемал, кој учел во воената гимназија во Битола. Младиот кадет Мустафа во 1896 година, доаѓа од Солун да учи во воената гимназија во Битола. Честопати шетал по Широк Сокак, а едно попладне пред Велигден во 1897 година, на балконот од куќата на богатиот трговец Ефтим Каринте, која и денес постои на аголот од улицата, веднаш наспроти хотелот Епинал, ја забелжал убавата Елени, негова врсничка. И девојката не останала рамнодушна, па крадешкум, таму од балконот и таа фрлила поглед на стројниот Ататурк, висок, со убав стас и сини очи. И така Мустафа декој ден минувал пред куќата, а Елени го чекала на балконот. Меѓу нив се распламтила силна, но забранета љубов. Девојката за да биде со него, побегнала преку визбите на куќата.Заедно заминале надвор од Битола, но таткото на Елени, Ефтим, ги фатил, ја затворил девојката дома, а потоа, купил куќа во Лерин. Насила ја однел таму, со намера да ја омажи за друг човек.

Девојката никогаш не се омажила, доживеала длабока старост, а до крајот на животот, неколку пати во годината примала чекови од странство. Починала во Лерин на 80 години.

Мустафа Кемал подоцна стана прв претседател на Турција, творец на модерната турска држава, поради што го добил името Ататурк, татко на нацијата. Се оженил со Латифе Ханам, но бракот траел само две години. Ататурк и Каринте не се сретнале никогаш повеќе. Некои велат, дека оригиналот на писмото од Каринте, се наоѓа во историски архив. Други пак, велат дека станува збор за легенда.

 

 

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

rhonda пред 4 години

Hello Dear,
How are you doing, hope you are fine ? contact me.

rhondamakn@gmail.com

Thanks, Yours friend,

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка