Online: Членови: 0 | Гости: 383
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Ми недостигаш

 

Се мислам како да го почнам ова писмо веќе неколку денови и незнам. Незнам затоа што незнам веќе што да кажам, сакам да покажам. Незнам затоа што со самата помисла дека си 2000 километри далеку од мене ми доаѓаат солзи и сите мисли ми летаат надоле, таму јужно, каде што е топло, па макар и да залади ќе знам дека си блиску до мене и како што велат „ќе ме грее љубовта“. А тука? Што тука? Немам ништо! Те немам тебе, ја немам таа топлина што ми треба пред да заспијам за да сонувам убаво и кога ќе се разбудам на сабајле за најубаво да ми почне денот. Имам слики кои ги прегледувам по милион пати на ден и кога ќе посакам да се насмевнам затоа што секогаш кога ќе те видам, макар и на слика, насмевката на моето лице е неминовна. И да не ми се смее, самата доаѓа. Не барај да објаснам како, незнам ни јас, прв пат ми се случува и на мене ова. Имам и два телефони кои секој 10 минути ги проверувам да не стигнала порака од тебе, а тие како да ми велат „не се секирај, ќе ти пише, знаеш и самиот дека мисли на тебе.“
Ми недостасуваш. Ужасно ми недостасуваш! Прошетките, бескрајните разговори по телефон во ниедно време, раскажувањето за тоа како сме си ги поминале деновите... Ме сфаќаш нели? :)

 

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка