Facebook Twitter Youtube
Online: Членови:0 | Гости:4
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Мојата прва љубов

Седам сама затворена во мојата соба и мислам на тебе. Размислувам за човекот кој најмногу го сакам. Посакувам да те видам. Погледнувам низ прозорецот и те барам, но тебе никаде те нема. Ја гледам само улицата низ која поминуваат безброј луѓе. Те барам во сонот, но никако да те најдам, никако да те видам, а кога конечно ќе те видам, срцето ми трепери од љубов. Целосно се губам во твојот поглед и незнам како да ти се обратам од страв да не те навредам. Секој ден се повеќе те сакам. Размислувам за тоа дали некогаш ќе бидеме заедно и засекогаш ќе ја делиме среќата, радоста, тагата, со еден збор кажано сè. Се прашувам зарем е толку тешко да се изговорат толку милите зборови „Те сакам“ кои можат да изменат многу нешта. Тие волшебни зборови, нивното огромно значење кои со нетрпение очекувам да ги слушнам, од твоите усни, со твојот прекрасен глас.
И ете дојде и тој ден. Денот кога ти ги изговори толку милите зборови „те сакам“ кои со нетрпение очекував да ги чујам. Бев многу среќна. Конечно се исполнија сите мои сонови и желби за тебе. Се беше прекрасно. Се чувствував исполнета со бескрајна љубов која ја чувствувавме еден спрема друг. Мислев дека ова нема никогаш да престане - ќе трае засекогаш, но згрешив. Сета моја радост и среќа се урна таа вечер. Почувствував дека нешто не е во ред. Дека сакаш нешто да ми кажеш па те прашав: Што не е во ред? Тој ми одговори: Не, повеќе не те сакам. Во тој момент помислив дека се шегуваш со мене, но ми рече дека тоа е вистина. Гром го удри моето срце и го распарчи на илјада делови. Почнав да викам не само тоа не. Солзи од очиве ми капеа. Посакував да заврне дожд за да имам другар со кој ќе плачам заедно. А ти како да не почувствава ни малку сожалување спрема мене. Ме остави сама во ноќта, скршена од болка тивко да умирам сама во себе. Се беше како на почетокот, дотогаш не сум ја почувствувала болката која ја почувствував ноќта. Тогаш беше се поинаку, а сега е веќе готово, бидејќи ти така сакаше. Но ќе се обидувам да те заборавам како што ме избриша и ти. Единствено нема повеќе да мислам на тебе и ќе продолжам понатаму со животот. Љубовта не престанува со еден обид.

П.С. Но сето ова помина и сфатив дека љубовта не завршува само со еден обид. Сега сум среќна во прегратките на друг, а биди и ти среќен со друга.

Можеби ќе Ве интересира...
Мојата прва љубов
Се започна вака. Во летото таа излегуваше со нејзините другарки во кафичи, се забавуваше, но длабоко во себе знаеше дека
од Ѕвездичка |
Прва љубов
Бевме 7 одд., тогаш беше и мојот прв бакнеж. По еден месец ние се разделивме иако живееше во мојата населба ние не се ви
од Ивана |
Мојата невозможна љубов
Тоа беше љубов на прв поглед. Само те погледнав, а ти ми рече здраво како да ме познаваш. Уште веднаш остави голем впеча
од Анонимен |
Мојата ѕвезда
Ги гледам ѕвездите и се прашувам зошто мора да е вака? Зошто мора да си далеку колку што се и тие? Зошто и тебе не можам
од Романтичен |
Коментари

Слики од нашите членови

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Waiting for forever (Чекајќи за засекогаш)


Романтична приказна за дечко кој е задоволен од тоа да живее без сигурна работа, но со љубовта од неговото детство.

Rachel Bilson, Tom Sturridge


The table 'dubug_info' is fullThe table 'dubug_info' is full