Online: Членови: 0 | Гости: 737
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

По цена на животот

Таа за прв пат беше вљубена. Го сакаше него како што не сакала никој до нејзината 15 година. Го сакаше повеке од самата себе, го љубесе со љубов што бесе ретка. Можеби грешеше, но секогаш велеше: ”Ке направам сè за него, ќе видите, без разлика колкава ќе биде цената на тоа!” Но, никоја од другарките или другарите не ја сваќаше сериозно. Таа својата тага и својата болка ги криеше длабоко во своето срце, во еден агол до љубовта што ја чувствуваше за него. А одвреме - навреме кога болката и беше неподнослива, умееше да ја ублажи со по некоја солза, а потоа сè се враќаше на старо. Беше јака девојка. Најмногу од сè ја мачесе тоа што тој никогаш не бил нејзин, а по сè изгледа ниту ќе биде. Имаше многу други паметни момчина што ги изгубиле главите по неа, но нејзиното срце му припагаше само нему. Никогаш не беше уморна, никогаш не и беше здодевно и со часови да ги глега неговите движења, и најважно - никогаш не губеше верба во Бога.
Тој пак, тој беше некое супер типче, главен фраер во друштвото. Но пред сè момче без мозок. Беше посегнат по најлошите пороци, но тоа му причинуваше слатко задоволство. Умееше да манипулира со многу девојчиња, знаејќи дека им е слаба страна. На изглед беше cool, во најнов тренд и секогаш бесно облечен. Но во неговото срце немаше ни трошка љубов кон некоја девојка. Тој не знаеше што е тоа љубов, и што е најважно не знаеше убаво да се однесува кон оние што знаат да љубат. Но, и како таков тој никогаш не остануваше без женска, секогаш имаше некоја или по неколку во негова близина. Знаесе дека од сите тие ”рипки” околу него најмногу го сакаше Таа, но не покажуваше никакво, ни најмало интересирање за неа, по се изгледа немаше корист од тоа. Понекогаш знаеше да ја заведе на разни начини, но другиот ден како сè да пропаднало в земја. И така Таа живееше со болката и тагата во душата, а Тој со мислата дека е нај-нај и може да прави што сака. Така живееа можеби една година, таа повеке го засакуваше, а тој се повеке ”се креваше” и не и обрнуваше внимане.
Но еден ден ”среќата се насмевна на нејзина страна”. Дали него го фати некаква криза или друго беше во прашање, убеден од своите другари се согласи да има нешто со неа. Во главата му беа врежани мислите од другар му: ”Брат, најјаката риба ќе стори сè за тебе. Ова мора да го искористиш”. Тој така и направи. Беше ден пред да одат на екскурзија. Ја викна на клупата пред гимназијата, во дворот, да прават муабет. Таа само тоа го чекаше. Срцето и чукаше пресилно од возбуда. Знаеше што треба да му рече, но знаесе и што треба и до колку треба да очекува од него, кој беше толку смирен и ”извежбан” за оваа ситуација. Се најдоа и се излезе како што беше планирано. Тој и реце:” Утре нема да одиме на екскурзијата, ќе се чекаме овде и заедно ќе одиме некаде каде што сигурно ќе бидеме сами, договорено мала?” ”Договорено”. - тивко возврати Таа. Се разделија и Тој замина со насмевка, а Таа со возбуда од неговото однесување. Им раскажа сè на другарките, кои се обидуваа да ја вразумат што да прави, а што не, зошто ја знаеа и се грижеа за неа. Но таа само им велесе: ” Не гризете се за мене, после ова ќе бидам во ред. Ви реков ќе направам сè за него, дури и по цена на животот”. Така дојде и тој есенски, доцен ден. Сите заминаа со професорите, а тој ја фати за рака и и реце:” Да одиме мала”. Ја однесе на некое мрачно - романтично, ново место за неа, но веке добро познато за него. Таа се згрози од глетката, наоколу расфрлани шприцови, шишиња и цигари, ја лазеа морници, но љубовта кон него ја терасе да заборави сè. Тој застана под едено дрво, ја фати за двете раце, го фпери неговиот поглед во нејзиниот и само и рече: ”Сигурна ли си дека го сакаш ова?” Го доби очекуваниот одговор: ”Сигурна сум, реков и си стојам зад зборот, за тебе сè.” Тогаш ја стави неговата рака, околу нејзиниот врат и страсно ја повлече кон себе. Нивните усни се споија. Таа тогаш го почувствува неговиот врел бакнеж, го доби она што го сакаше без да знае како ќе го плати. Потоа почна да ги чувствува неговите нескротливи раце како немирно шетаат насекаде по нејзиното тело, а таа сета трепересе. Кратко беше тоа, за него секојдневно, а за неа ново и слатко. Нивните усни и тела се разделија, но рацете им останаа прекрстени. Се слушна само шушкање на лисјата под нивните нозе. Следувасе ова: ”Јас го направив моето, ти беше сигурна дека сакаш, сега е ред ти да ја исполнис мојата желба”. ”Ти ветив и фала ти за ова. Беше нешто најубаво што ми се случило во животов”. Знаеше што ќе биде неговата желба, затоа целата трепереше, а во главата и се вртеа стари спомени со семејството и пријателите, сепак се осуди да го праса: ”Што сакаш да сторам?” Тој како тоа да го очекуваше, и даде знак да седнат под дрвото и од ранецот извади два шприца и некоја материја во мали сисенца. Додека тој го подготвувасе своето задоволство, на нејзиниот лик се јавуваа мали солзи и црти на чудење и страв истовремено. Имаше малку време да се присети на старите добри моменти. И куцна и тој час. Тој ги запрегна ракавите и на неговата и на нејзината рака и полека кај неа, а брзо кај него во вените ги закачи двата шприца. Во истиот момент од нејзината нежна рака капнаа три капки крв и се слушна вик од болка, а неговата рака не реагирасе на ова никако, само се слушна една воздишка од задоволство. На нејзините очи солзите не престануваа, гледаше како во магла и и се затвараа, а срцето побавно и чукаше и телото и снагата и попуштаа. Лежесе неподвижно, а во мислите и шеташе Тој. Тој стана, замина од тука, но пред тоа ја погледна во очи и држејки ја за рака и рече: ”Извини”. Изгледа тогаш и викна Брза Помош и се изгуби во далечината. Таа остана сама уште 10 минути, потоа ја однесоа со Брза Помош во болница, каде што не ја дочека операцијата. Ги затвори очите и зад себе ги остави семејството и другарите да жалат по неа. Но последните зборови и беа: ”Го сакам него и направив сè за него по цена на животот!” И почина со спокој на лицето дека го почувствувала барем на миг.

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

jul пред неколку години

zaradi ljubovta si spremen na se koga sakas za tebe nema granici spremen si i da go napravis ona sto nikogas ne ti bilo dozvoleno

sani_b пред неколку години

leleleleleel kakov e toj ubiecccccccccccccc sto i go naprail toa na devojcetooooooooooooooo kakovvvvvvv ej ivana sto go napisala tekstov ako go procitas mojot komentar prati privatna poraka sakam nesto da te prasam????????

nani4ka пред неколку години

Lele stvarno toa toj sto go napravil ne e bilo ok ee Ivanaa aj pls koga ke go procitas mojot komentar prati mi privatna poraka i jas sakam nesto da te prasam

sandrulla пред неколку години

Lele sto ljubov e ovaa???
:|:|

ana19 пред неколку години

pozalno nesto do sea ne sum procitala. Samo nejkam da e tocno oti mornici me lazat koa ke pomislam na devojceto.

Остави Коментар



Слики од нашите членови


Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка