Online: Членови: 0 | Гости: 255
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Смртта ми ја одзеде љубовта

Беше топла августовска вечер - кога ја започнав играта на животот и смртта со мојата судбина за на крајот да останам сама и поразена. Таа игра ја започнав вечерта на 2 Август. Бев на поседок кај мојата тетка. Како и обично вечерта излегов со мојата братучетка. Сè беше досадно и вообичаено, се додека не се појави причината за мојата болка, тага и солзи.
Тоа бече еден црн дечко, кој ми се допадна уште при првиот поглед. Беше многу забавен, а уште повеќе сладок и симпатичен.
Ме гледаше доста долго и конечно дојде и ми реце дека сака да се запознаеме. Кога ме погледна во очи осетив некоја голема среќа, а веднаш потоа уште поголема тага. И самата се чудев што се случува со мене. Но сето тоа се изгуби кога почнавме да разговараме. Ми кажа дека бил од тоа село (селото каде што бев на гости, а тоа е недалеку од Охрид) и дека е изненаден што ме гледа прв пат, а јас одев таму скоро секој викенд, секое лето и секогаш кога ќе бев слободна. Потоа почнавме разговори на различни теми, па зафрканции, смеење, сè беше супер. Цела вечер додека зборувавме ме гледаше со восхит и со некој чуден и продорен поглед од кој целата треперев. И повторно ми се навраќаше она чувство на среќа, а веднаш потоа тага.
Времето брзо минуваше, а јас требаше да си одам. Бидејќи беше доцна по полноќ, ми рече дека ќе ме испрати. По пат не зборувавме ништо. Кога стигнавме, ме фати за рака и ме повлеце кон него. Се наведна кон мене и тивко ми шепна: “Убава си како божица. Многу ми се допаѓаш. Те сакам”. Потоа топло и нежно ме бакна и ми реце: “Добра ноќ моја божице”. Занемена и занесена од неговите тивки зборови и топлиот бакнез, само му се насмевнав и без збор влегов внатре. Таа вечер заспав со врели усни и она чудно чувство кое не ме напуштасе цела вечер.
Другиот ден слеговме на плажата. Цел ден го поминавме заедно. Ми беше многу убаво. Иако бев убедена дека кон него не ме влече некое чувство на љубов. Едноставно многу ми беше сипатичен и знаеше како да го исполни времето. Си мислев дека сè ќе заврши кога ќе се вратам дома во моето село. Мислев дека таа врска ќе ми остане во спомените само како една убава и забавна летна авантура. Но и кога се вратив, ништо не се измени. Секој ден ми се јавуваше, секој ден лудо го поминував со него. Каде што бев јас, беше и тој. И од ден на ден со се поголемо нетрпение чекав да ми се јави и да се видиме. Од ден на ден се повеќе и повеќе ми недостигаше. Сфатив дека сè повеќе и повеќе се вљубувам вон него. И после извесно време не можев да си го замислам животов без него. Знаев дека и тој ме сака и бев многу среќна, но секогаш кога ќе помислев на нас двајца ме обземаше она исто чувство од нашата прва средба - ТАГАТА. Не ми беше јасно зошто да чувствувам тага кога со него ми беше сè убаво. Тој се појави како ѕвезда што ми го осветлуваше патот по кој одев низ мојот живот. Тој беше чудо во мојот живот. Но секое чудо - три дена.
Се забавуваме скоро два месеци. Можеби тоа ќе траеше подолго, можеби ќе беше вечно, да не ми го одземеше таа. Таа, која не прибира кого го зема во своите студени прегратки. Таа, која сега себично го држи во своите канџи и се насладува на неговата младост и убавина. Таа – СМРТТА. Има веќе еден месец откако тој замина кај неа, а мене ме остави овде сама  да патам и да плачам по него. Еден месец, а болката не стивнува, солзите не запираат, сè е изгубено. Кога Господ ти го зема она што најмногу го сакаш, ти можеш да плачеш и да му се молиш. Но кога молитвите не вредат и кога ке останеш сам, јас најдобро знам колку тоа боли. Ах, премногу го сакам и ми недостига. Би дала сè само да се врати. Се прашувам зошто во животов ме прати само несреќа? О Боже, зошто не ме одведе и мене со него да го сакам и со него да влезам во неговиот вечен дом?
Како сега да ги слушам неговите последни зборови при нашиот последен телефонски разговор: “Ти знаеш дека јас многу те сакам и знај дека ќе те сакам, без разлика што и да се случи”. И јас му реков дека многу го сакам и дека не би можела да преболам, ако некогаш го изгубам. И повторно она чувство, кое не ми даваше мир, уште од денот кога се запознавме. Тоа беше некоја кобна среќа, кобно чувство. Тоа беше само неколку часа пред судбината засекогаш да го земе од моите раце. Ох, судбино, зошто? Зошто си толку проклета и сурова? Зарем мораше на таков начин да ми го одземеш? Зарем мораше така трагично да ме лишиш од неговата љубов? После неговата смрт сè се измени. Се изменив и јас самата. Останав без чувства, без надеж, без волја за живот. А сите мислат дека сум истата. Тоа што ги лаже е само мојата маска со која вешто ги кријам моите вистински чувства, мојата вистинска личност зошто мразам да ме сожалуваат. Душава ми е празна. Срцево ми е скаменето, а во него остана засекогаш запечатена само љубовта што ја имав за него, а не успеав целосно да му ја искажам.
Со неговата смрт, во мене се отвори огромна болна празнина, која никој, никогаш и со ништо не ќе може да ја пополни. После неговата смрт, живеам без цел, без надеш. Живеам затоа што морам, а не затоа што сакам. Црн е мојот живот.

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

stefan4e пред неколку години

za tekstov nema so da se kazi....BIDI JAKA I SOOCHISE SO VISTINATA NO NIKOGAS NE GO ZABORAVAJ

Kekiii пред неколку години

Леле Знам како ти е...и јас патев многу во животот, кога го загубив него плачев пиев кршев, дома не одев, скитав, сакав да заминам некаде каде што никој не познавам...сакав да заминам далеку, каде што никој нема да ме повреди, никогаш нема да го заборавам затоа што вистински го сакав, тој засекогаш ке остане во моето срце иако не е со мене.. позз до сите и пазете многу зш тешко е кога ке го загубеш оној што го сакаш боли- премногу боли...

Ivushooo пред неколку години

преубав е текстот....
почнав да плашам од самата помисла колку боли да изгубиш нешто што најмн. го сакаш
како што јас го изгубив него....само што тој се е уште е жив...

emilija24 пред неколку години

dusicke istoto go doziveav i jan na 4 avgust ova leto sto zamina....mi pocina deckoto,a go sakav povekje od sebe .....4ipol godini bevme zaedno,a nego go nema vekje,znam kako e,tesko e ,bolno e....

Ivvaa пред неколку години

Zhalno. :\\\\ Prekrasno napishano..

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка


QUERY ERROR4 => The table 'session' is full