Facebook Twitter Youtube
Online: Членови:0 | Гости:10
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Типични женски грешки

Секој медал има две страни, па така и во врските, не се само машките оние кои прават грешки. Еве и неколку женски грешки со кои се надеваме дека ќе ви бидат пример да го подобрите вашиот љубовен живот.


Не глумете „вреќа“

Многу од луѓето не уживаат во секосот каде што едниот глуми „вреќа“. Немојте само да лежите. Помрднувајте се, правете бука! Не морате да воздивнувате да ве чуе целиот кварт, но не е згодно кога владее мртва тишина, а ако сакате партнерот да бара повеќе тогаш морате да одите понатму. Сè до мисионерска поза.

Негувајте ја женственоста
Настојувајте да изгледате убаво, негувано и посакувано иако тоа на вас понекогаш ви се чини невозможно. Да, вие сте онаа негова сакана девојка од соседната врата по многу нешта. Но, од време на време тој очекува вие да бидете негова секси заведувачка.

Гледа еротски филмови и чита Playboy? Не го осудувајте тоа!
Не го критикувајте ако понекогаш има потреба да погледне некој еротски филм, да погледне некоја слика на интернет или да го разлиста најновиот број на Playboy. Наместо Playboy-от да го гледате како закана, гледајте го како начин на кој може вашиот сексуален живот да се подобри.

Dirty talk
Немојте да бидете срамежливи, понекогаш „прљавите разговори“ можат да ја зачинат вашата љубовна врска, секако ако тоа е во умерени количини, а сè тоа е под услов вашиот партнер „прљавите разговори“ да ги смета за секси и симпатични.

Сакајте го своето тело
Без разлика дали сте слаби или дебели, високи или ниски, тоа на кое машките може да ви завидат повеќе од било што е самодовербата. Ако се чувствувате добро во сопственото тело тоа може да донесе уште повеќе добри вибрации и на вас и на него.

Престанете да оговарате други жени пред него
Да, секако дека таа е плавуша во минич и со високи потпетици (во кои вие не знаете да одите) по која сите се вртат, изгледа како проститутка... Но знаете што!? И вашиот партнер тоа го мисли и на него тоа му се допаѓа. Кога пред него го коментирате изгледот на некоја друга жена, на него тоа му го сервирате како знак на ваша несигурност и тоа вас ве прави непривлечни.

Немојте да ги игнорирате неговите брадавици
И додека сите за тоа размислуваат како за нешто што е поврзано само со женските, има и машки кај кои брадавиците се една од ерогените зони.

Пазливо со забите
За време на оралниот секс треба да пазите во него да не ги вклучите и очниците. Стругањето со заби е недопустливо.

Можеби ќе Ве интересира...
Типични машки грешки
Ако мислите дека сте совршен љубовник затоа што вашата драга воздивнува и се тркала по креветот, прочитајте што Ви спрем
од Romanticen |
Грешки што ја уништуваат љубовта
Треба да внимавате на првите знаци на криза, бидејќи ако подолго ги занемарувате нетрпеливоста и неразбирањето, тие можа
од TaJaNa |
Во врска или сепак не?
Прекрасно е да си вљубен, во врска, но понекогаш ти доаѓа како вистинско олеснување што не си во врска, особено...
од Romanticen |
Подобра комуникација со партнерот
Еден од најчестите проблеми во врските е недостатокот на вистинска комуникација меѓу партнерите. Еве неколку...
од Romanticen |
Коментари
awe super soveti... treba da bidame onakvi sto sme .... da ne se prepravime vo dr li4nosti... maskite toa go prepoznavaat sepak.... sepak sekoj ziv 4ovek gresi pozzz
hah bas se dobri sovetive

Слики од нашите членови

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Waiting for forever (Чекајќи за засекогаш)


Романтична приказна за дечко кој е задоволен од тоа да живее без сигурна работа, но со љубовта од неговото детство.

Rachel Bilson, Tom Sturridge


The table 'dubug_info' is fullThe table 'dubug_info' is full