Online: Членови: 0 | Гости: 105
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Зацврстете ја врската со партнерот

Во секоја врска можат да се појават одредени проблеми кои можат да доведат до караници и расправии. За среќа сето тоа може да се реши.

Разговарајте за вашите животни сонови
Изреката: секоја птица лета со своето јато – ја потврдија и научниците. Тие тврдат дека партнерите кои имаат слични цели во животот имаат поквалитетна врска. Тоа не значи дека не може да се оствари хармонија помеѓу оние парови кои се спротивни еден од друг, спротивностите се привлекуваат. Тие треба само да се потрудат во што поголема мера да се привлечат еден кон друг.
Во двата случаеви врската треба да се темели на разговор. Без двоумење разговарајте за тоа кои се вашите сништа и цели за понатаму во животот и што ве мачи. Чувството дека сте поблиски еден со друг ќе ви помогне да се соочите со најголемите проблеми и без страв да почнете да ги решавате.

Делувајте спонтано
Многу парови знаат да кажат дека сè што прават, прават заедно. Тоа можеби звучи романтично, но некој начин ја гуши љубовта. Паровите кои така размислуваат и живеат можат да го изгубат своето „јас“ и врската да им стане монотона. Па за што можете да разговарате ако сте секогаш заедно? И од кај би ја земале енергијата за нови чекори во животот?
Креативноста во врската расте доколку двата партнери делуваат самостојно. Тоа до некаде треба да се применува и во секојдневието – немојте да заборавате секој ден да одвоите малку време само за себе. Пробајте барем 2 пати во месецот да се најдете со пријателите без присуство на партнерот.

Не завидувајте
Замислете дека дечкото на вашата другарка уплатил патување за двајца и она е пресреќна. Во тие ситуации сигурно веднаш помислувате: „А мојот? Тој никогаш не би се сетил на тоа“. И веќе почнува оној мал глас на завидност да ви шепоти во увото: „дечковците на моите другарки се многу поромантични, повнимателни, подобри...“. За што и да се работи, немојте својот партнер да го споредувате со другите! Секоја личност на свој начин ја искажува својата љубов. Оној кој својата девојка ја носи на патување, можеби никогаш не и помогнал да заврши некоја работа дома кога се заедно.

Ценете ги своите потреби
Некои луѓе се однесуваат толку несебично, себе си никогаш не се ставаат на прво место и како да незнаат што се тоа „сопствени потреби“. Тие луѓе често истакнуваат дека е многу поубаво да даваш отколку да земаш. Да, тоа е навистина убаво, но да не се прави секој ден 24 часа. Штом почнеме подолго време да ги занемаруваме своите потреби и интереси, тоа ќе доведе до незадоволство. Само оној кој своите потреби и интереси искрено ќе ги признае пред партнерот, ќе може и да ги исполни. Со оглед на тоа дека квалитетните врски се темелат на искреност, ако кај едниот партнер настапи период на криза, немојте да го оставате тоа на страна, туку искрено разговарајте за проблемот.

 

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка


QUERY ERROR4 => The table 'session' is full