Online: Членови: 0 | Гости: 359
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Прекумерно потење - непријатна појава за време на летниот период

 

Иако изгледа како тривијален проблем, зголеменото потење е непријатен и видлив проблем, од кој страдаат околу 4% од луѓето. Овој проблем се нарекува хиперхидроза.

 

Зошто се потиме ?
Да ве потсетиме, основната улога на потењето е терморегулација, која се јавува преку денот и ноќта, по кожата на целото тело. Центрите за потење се оддвоени и се наоѓаат во различни делови во мозокот. На телото има помеѓу два до пет милиони потни жлезди. Најгусти се на челото, по главата, на дланките и стапалата.

 

Како се манифестира хиперхидрозата ?
Оваа непријатна појава се манифестира секојдневно: постојаната грижа за тоа како да го скриете овој проблем, честото пресоблекување, константното бришење на рацете и лицето и отсуствувањето од работа. Повеќето од оболените ги опишуваат овие тегоби кои почнуваат уште во пубертетот. Потењето зафаќа значитело поголеми површини од телото, често го зафаќа и целото тело, па често се нарекува и генерализирана хиперхидроза, која најчесто настанува за време на спиење.

 

Како да го спречите прекумерното потење ?

 


Постојат повеќе хируршки методи. Со локална хируршка техника се тргаат потните жлезди со киретажа, ексцизија и липосукција од пазувите.  Меѓутоа, после минливото подобрување, може да се развие компензаторно потење, т.е. појава на обилно потење на другите делови од телото, на пример: на градите, грбот, стомакот, нозете или лицето. Ова се јавува кај 90% од оперираните лица.

 

Дезодоранси: не можат да го спречат потењето, но го спречуваат мирисот, настанат од делувањето на бактериите. Ефектот трае неколку часа и во текот на денот може да се нанесе повеќе пати.

 

Антиперспиранти: се нанесуваат локално, на површината на кожата. Ги блокираат изводните канали на потните жлезди или ја намалуваат нивната функција, па потењето е отежнато. Ги користат солите на металите, а можеме да кажеме да е алуминиум хлорид хексахидрат најефикасен.

 

Секојдневен живот: Се препорачува секојдневно бањање со антибактериски сапуни за да се смали бројот на бактериите на кожата, со што се трга непријатниот мирис. Користите антиперспиранти, но доколку ги користите еднаш дневно, нанесувајте ги исклучиво навечер. Можат да се нанесуваат на дланките, стапалата и под пазувите.

 

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка