Online: Членови: 0 | Гости: 298
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

3 работи кои го инспирираат мажот да се одлучи за брак: Љубовта не е на оваа листа

Експерт за врски открива дека мажите не се заљубуваат, тие одлучуваат кого сакаат.

Дали некогаш сте се запрашале зошто човекот со кој сте имале одлична врска не се оженил со вас, туку ја зел следната девојка со која се забавувал?Да дознаете дека младиот човек што го сакате не е подготвен да се ожени со вас, секако, не е пријатно, но може да ја олесни ситуацијата кога знаете дека нема ништо лично во тоа.Имено, како што за „Јуртанго“ изјавува експертот за врски Џејмс Ален Ханрахан, разликата меѓу мажите и жените е во тоа што мажите не се заљубуваат - тие одлучуваат да сакаат и се одлучуваат за брак врз основа на три фактори.

 

1. Вистинско време

Често сте слушнале дека вистинскиот тајминг е се што ни треба. Ова е особено точно за мажите.

Размислените мажи своите одлуки ги засноваат на факти, а не на емоции. Тие треба да знаат дека нивните цели се движат во вистинската насока. Ним им треба достигнување, резултат и знаење дека се на вистинскиот пат.А кога се на вистинскиот пат, тогаш одлучуваат кој ќе им прави друштво на тој пат. Затоа е толку важен тајмингот кога ќе се најдете во видното поле на маж кој ви се допаѓа и со кој би сакале да го споделите животот.

 

2. Верувањето дека тоа ќе ви го подобри животот

Внимателните, сочувствителни мажи си поставуваат едноставно прашање кога ќе запознаат нов потенцијален емотивен партнер: „Како да и го направам животот подобар отколку што е сега?“Ако одговорот е дека тој не може да го стори тоа, речиси е сигурно дека ќе продолжи понатаму. Таквите мажи нема да стапат во брак додека не се во состојба да направат вистинска разлика во квалитетот на нечиј живот. Тие мора да бидат способни да го подобрат животот на партнерот.Тие се сосема различни од незрели мажи кои бараат романтична партнерка која ќе се грижи за нив.

 

3. Неговиот степен на зрелост

Нивото на зрелост може да биде најфрустрирачки фактор, бидејќи мажите можат да се однесуваат како момчиња со години, па дури и децении, а потоа да созреваат „преку ноќ“. Ова ги објаснува нивните навидум брзи одлуки кога покажуваат дека се подготвени да „застанат на луда карпа“ и да се грижат за семејството.Се разбира, ова не е целосна мистерија.

Погледнете го неговиот семеен живот. Дали неговите родители се заедно? Каков е неговиот однос со мајка му? Тажен, но вистинит факт е дека луѓето кои пораснале само со еден родител често имаат потешкотии да се одлучат да основаат семејство. Во матичната фамилија виделе модел според кој една личност зема се на себе.

За среќа, секој од нас има можност да се промени. Но, исто така, не заборавајте дека напорните борби не се баш забавни и можат да трошат енергија.

Сега е јасно што го инспирира мажот да се ожени - вистинскиот момент, подготвеноста да се подобри нечиј живот и фактот дека навистина созреал.

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка