Online: Членови: 0 | Гости: 338
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

5 прашања за сексот кои го мачат секој маж

Можеби ние жените немаме толкава самодоверба колку што треба и сме преоптоварени со целулит и килограми, но мажите се далеку понесигурни од нас – иако тоа многу подобро го кријат. Некои прашања не престануваат да ги мачат, 

па ајде да одговориме на нив уште еднаш.

 

1. Дали големината навистина е важна?

Мажите секогаш ќе го поставуваат ова прашање без разлика колку се уверени дека не, големината навистина не е пресудна, бидејќи без добра техника нема да се паметат ниту најнадарените. Освен тоа, ако пенисот е преголем, големи се шансите тоа да биде болно и непријатно искуство, а кој може да задоволи премал? Хм...

 

2. Дали е важно времетраењето на сексот?

За да не заврши сè малку пребрзо, мажите користат разни трикови како да размислуваат за 

нешто сосема друго. Сепак, истите трикови понекогаш можат да го продолжат сексот и повеќе од половина час, што и онака е прилично непријатно за жената. Велиме дека - важно е времетраењето, а за жената да биде задоволна, сексот во просек треба да трае 15-20 минути.

 

3. Дали предиграта е преценета или потценета?

Повеќето жени сакаат предигра. Но, тоа не значи само бакнување, гушкање и слично. „Загревањето“ за секс може да се смета и за начинот на кој мажот зборува со вас, претходните состаноци и времето поминато заедно пред сексот.

 

Меѓутоа, понекогаш брзиот, спонтан секс како оној на масата во кујната е страстен како и сексот со предигра. Значи, примарната разлика не е во тоа што сексот со предигра е подобар од сексот без предигра, туку е поинаку.

 

4. Дали жената е незадоволна ако не доживее оргазам?

Наместо тоа, би можело да се каже дека жената се чувствува изневерено ако партнерот не и

 дозволи да доживее оргазам. Сепак, ова е главниот показател дека мажот се грижи за својата партнерка.

 

За жените оргазмот е речиси исто толку важен како и за мажите, единствената разлика е во 

тоа што не чувствуваат болка во интимните органи доколку се возбудат и не го доживеат.

 

5. Дали оралниот секс е подобар од нормалниот?

Мажите обожаваат кога партнерката орално ги задоволува и многу повеќе зборуваат за тоа еден

 со друг отколку за обичен секс. Затоа, тие се изненадени кога жената не сака орален секс, дури и кога им се пружа тоа задоволство, а ги има.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка