Online: Членови: 0 | Гости: 265
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Подобро ужасен крај отколку ужас без крај

Поминаа четири години откако за прв пат те здогледав, четири години поминаа откако несвесно се заљубив... се ќе беше во ред и ти да го чуствуваше тоа за мене... но не е така ти сакаш друг на ист начин како што јас те сакам тебе... некои ја нарекуваат платонска љубов, некои опсесија... но како и да е јас не можам без тебе... живеам за тебе... иако свесен сум дека никогаш нема да бидам со тебе... јасно ми е тоа... но во мене гори она жарче надеж (ако не е тоа јас немаше да бидам на овај свет)... луѓето ме прашуваат до кога ќе се замарам со тебе... а јас просто немам одговор... (никој не знае до кога ќе живее - па ни јас) знам дека знаеш дека умирам по тебе... но јас пак сакам да ти кажам дека не можам без тебе... немам храброст... да не ми беше мобилниот никогаш немаше ни да да дознаеш дека те сакам... на сите им признавам дека те сакам... но да пријдам и да ти кажам немам храброст... не за друго... не затоа што сум убеден дека ќе добијам негативен одговор затоа што знам дека она мало жарче што е во мене ќе згасне... а тоа ме одржува во живот... не сакам ништо од тебе, само сакам да ме разбереш и ако има надеж за мене... пријди ми... кажи ми дека ми даваш шанса... верувај ми... нема да зажалиш... прашај ги луѓето што вистински ме познаваат ќе ти докажат дека не постои личност како мене (не сум себичен само сум искрен) се надевам дека наскоро ќе дојде денот кога ќе бидеш само моја, а ако тој ден не дојде тогаш сакам кругот да се сврти и ти да бидеш таа која ќе ме сака, која ќе пати и која неможе да живее без мене, која ќе заспива и ќе се буди мислејќи на мене. Ако не сакаш да бидеш со мене, подобро мојата љубов да престане сега и засекогаш отколку да се мачам вака цел живот.

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка