Online: Членови: 0 | Гости: 205
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Среќен почеток на тажниот крај

Сама, сосема сама, изгубена во времето и просторот, назад, премногу назад со чекорот на животот, во безсознание, насекаде, во секој поглед, во секој потег, кревка како пердувче кое чека во секој момент ветрот да го дувне, без ништо на светот, ни другар, ни пријател, ни рамо за плачење, а во себе ни љубов, ни тага, ни среќа, ни болка, ни чувство дека дишам, како камен фрлен покрај патот на кого не му е гајле дали е ден или ноќ, дали е бура или сончев ден. Во очите немам веќе солзи, во мене повеќе немам душа, низ вените не тече крв, а срцето полека се гуши и се потешко пумпа од сета блокада. Живеам од што морам, а полека и тоа оди од мене, се движам безживотно, полека и без волја. Совеста одамна ме има напуштено, а живеам како паразит од кој повеќе има штета отколку корист. Паѓам во длабока депресија, се обидувам да скријам, а очите кажуваат повеќе од доволно пропаднати, измачени полни со бес и разочараност, тага, страдање, осаменост. Сама со себе оставена во свет на изгубените души, а никој да ти подаде рака за помош. И неможам да разберам, а барам каде е избледениот излез од оваа грда просторија, и неможам да дишам полека се гушам, неможам да мислам кога за тебе слушам со сигурност во себе и со многу храброст го убивам и последното делче од мене, ја одземам последната капка живот. Во моето тело видот е матен, се губам, сегде сивила од кои се создава паника, паѓам во длабока дупка, немам свест, црно пред очите. Во далечината здогледувам светлина се приближува кон мене и е сè појака, ме води накај неа, и се препуштам целосно, во мене ни грам сила за да и се спротиставам, ме облива убаво чувство, лебдам, мижам од блескавата светлина бијат камбани и се гледам себеси како одам среќна во свет во кој заслужувам да бидам. Без тебе и болката која ми ја нанесе со насмевка на лицето чекорам кон среќниот почеток за тажниот крај!

 

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

NoVaK пред неколку години

bravos

NoVaK пред неколку години

ana bas e top

m a r i j a пред неколку години

super e tekstov ... na nekoj nacin se pronajdov

shygirl пред неколку години

tazhno.....

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка


QUERY ERROR4 => The table 'session' is full