Online: Членови: 0 | Гости: 245
Како невидлив | Ја заборавив лозинката!
Сеуште не си дел од најромантичното семејство? РЕГИСТРИРАЈ СЕ!
Најави се!

Првата љубов доаѓа неочекувано

Беше тивка летна ноќ. Таа седеше сама на една клупа од паркот каде што немаше никој. Плачеше. Три дена утехата ја бараше во тишината, не сакаше да види никој. Одеше дома само за спиење. Никој не знаше за нејзината болка. Беше скршена, никогаш не помислуваше дека некој може толку да ја повреди. Од солзите кои како река течеа по нејзиното лице, не го забележа момчето кое дојде во паркот. И тој беше тажен. Кога ја забележа како плаче, отиде кај неа. Ја праша дали може да седне до неа, но нејзиниот одговор беше негативен. Сепак кога ја забележа тагата и во неговите очи, се премисли. Се запознаа и долго разговараа. Таа за прв пат некому се довери за она што и се случило, а и тој нејзе. Беа зачудени, се чувстуваа како да се најдобри другари уште од раното детство.
Се среќаваа речиси секој ден. Станаа најдобри другари. Тагата веќе ги напушташе и двајцата, а на прагот доаѓаше љубовта. Тие не ни беа свесни за тоа.
Една приквечерина беше некако поинаква. Решија да се качат на Исарот. Глетката беше прекрасна. Месечината беше полна и распеана, а сјаните ѕвезди танцуваа на нејзината музика. Тие уживаа во мигот. Полека се приближија и... се бакнаа. И на двајцата тоа и беше првиот бакнеж, првата љубов која не ја ни осетија кога дојде. Беше фантастично. Тогаш сфатија колку живот е сладок. Исарот и стана храм, а месечината сведок и секоја средба им беше таму. Таа вечер несомнено им беше нај убава и ќе ја паметат засекогаш бидејќи убавите работи секогаш остануваат во сеќавање...

 

Прочитајте повеќе

Содржините на интернет страницата Романтични.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Не е дозволено превземање, користење или реобјавување (дозволено е реобјавување само на дел од содржината со ставање линк до содржината што се цитира) без писмена дозвола од Бест Нет Студио, во спротивно ќе Ви пратиме фактура со назнака „плагијат“ во вредност од 15.000 денари.



Коментари

♥__tanja__♥ пред неколку години

super e..pozz

bushavo пред неколку години

prekrasno e,stvarno e mnogu ubavo napishano i so mnogu emocii pozz

marijana_pp пред неколку години

mn romanticno i mn ubavo.super.pozz

Skrseno srce пред неколку години

super

bjanka пред неколку години

me ostavi bez zborovi

Остави Коментар



Слики од нашите членови

Zabavi mk logo

Љубовни правила

Кивалче

Препорачуваме филм

Најубави романтични филмови на сите времиња

Летните вечери се создадени за романтични филмови - комедии, драми, трагедии...Гушнати со партнерот или со семејството,романтиката е таа која ни треба. Мојата девојка


QUERY ERROR4 => The table 'session' is full